Гинекологот Сара Готфри, експерт за хормони: Килограмите наталожени поради хормонално пореметување, можете да ги изгубите само на еден начин!
Доктор Сара Готфри работи на Универзитетот Харвард и нејзина специјалност се хормонските промени во телото. Ако не можете да ослабете, послушајте го нејзиниот совет.
Во текот на својата кариера, кога разговарам со пациентите и кога споделувам совети преку интернет, добивам пораки главно со ваква содржина:
“Се придржувам на сите овие правила, но не можам да ослабам”; “Стареам и метаболизмот ми се успорува. Ова е генетика, сè потешко ми е да ослабам”; “Никако не можам да ослабам 5 кг! Изгледа ќе мора да се навикам на оваа килажа”;
“Некои намирници не можам да престанам да ги јадам иако сум свесна за нивната штетност”; “Дали може да ми препишете некои лекови за слабеење?”; “Веќе се обидов да ослабам, без успех. Можеби е подобро да се прифатам себеси како дебела личност”;
“Универзалните препораки за исхрана не делуваат на мене!; “Ослабев 2 кг, ама затоа веднаш добив 5 кг штом заврши диетата. Се чувствувам грозно!”…
Веројатно барем еднаш во животот сте изговориле некоја од горенаведените фрази. Не е тешко да се погоди дека се борите со вишок килограми. Добро го разбирам измачувањето на жените кои имаат проблем со дебелината. Еднаш кога и јас се здебелив, морав да го искористам цело мое медицинско знаење за да се вратам во нормала.
Бидејќи сум гинеколог и жена, подготвена сум своето знаење да го споделам со вас. Во телото имаме огромна количина на хормони, но постојат 4, специфични за женскиот пол, чин недостиг ни го отежнува слабеењето и ни го оневозможува губитокот на вишок килограми.
БЛОКАТОР 1: Нерамнотежна на естрогенот
Тоа е хормон кој нам жените ни ја дава женственоста. Го имаат и мажите, но во помали количини. Ако имате ниско ниво на тестостерон, концентрацијата на естроген е речиси сигурно над нормалата.
Што да се прави?
За да го намалите естрогенот (и да ослабете) препорачувам дневно да јадете околу половина кг варен зеленчук. Зеленчукот има способност да го исфрли вишокот естроген од телото, така што нема да циркулира низ вашиот организам како лоша карма.
На овој начин ќе го намалите консумирањето на месо кое исто така, може да го зголеми нивото на естрогенот во телото. Не сум за тоа месото целосно да се исфрли од исхраната, но во текот на нормализацијата на хормините, моја препорака е да јадете колку можете повеќе зеленчук. Исто така, во оваа пригода советувам да ја испробате “палео диетата” која е многу ефикасна.
БЛОКАТОР 2: Вишок инсулин
Познато е дека секој втор Американец пати од некаков облик на дијабетес кој е проследен со дебелина. Кога имате проблем со вишок инсулин, доаѓа до пореметување на глукозата, шеќерот во крвта скока горе-долу, а мастите се таложат.
Што да се прави?
Постојат многу начини за нормализација на инсулинот, но лично препорачувам да пијат по две лажици јаболкова киселина разтворена во чаша вода, секое утро.
Студија од 2004 година покажува дека консумирањето на 2 лажици јаболкова киселина пред оброк, на љубителите на јаглени хидрати значително им го намалува нивото на гликоза во крвта особено кај лицата со отпорност на инсулин. Секако, мора да се одречете од слатките и вештачките засладувачи, шеќер во било кој облик…
Запамтете: Ако имате пореметување на метаболизмот, тоа е прв знак дека имате проблем со инсулинот.
БЛОКАТОР 3: Вишок кортизол
Кортизолот се произведува како одговор на стресна ситуација, но повеќето од нас постојано се под стрес. Кога станува збор за хормонална нерамнотежа и дебелеење, сите патишта водат до кортизолот.
Ако вашето тело постојано доживува цел спектар од хормонот на стресот, мора да акумилира масни резерви. И тој начесто ќе ги складишти на стомакот. Високото ниво на кортизол доведува со зависност од храна, а посебно шеќер. Почнувате да јадете повеќе слатки и брза храна. Како резултат на тоа се создава чисто масно ткиво кое се таложи во сите делови од телото.
Што да се прави?
За да го рестартирате нивото на кортизол, треба да престанете да пиете кафе. Воздржете се од кафе најмалку една седмица и ќе забележите дека подобро спиете, дека сте посмирени.
Ако ви е невозможно да се одречете од кафето, обидете се да го замените со зелен чај кој исто така содржи кофеин. Потоа, со текот на времето, зелениот чај заменете го со некој билен чај.
Понекогаш испијте врела вода со лимон и прстофат кајенски лут пипер. Овој напиток е многу добар и ќе доведе до: секое утро ќе ви биде регулирана работата на цревата, ќе имате редовна столица, а токсините ќе ги исфрлите од телото.
БЛОКАТОР 4: недостиг на адипонектин
Адипонектин е еден од клучните хормони кои му говори на вашето тело да ги согори мастите. Кодираниот геном ADIPOK е потребен за регулирање на нивоата на гликоза и за разградување на масните киселини.
Што да се направи?
За да го вратите адипонектинот во телото, препорачувам да јадете фстаци. Тие се одлични и влијаат врз концентрацијата на хормоните во целото тело.
Исто така, овој хормон ќе се враќа и со периодичното гладување. Најлесно е ако не јадете навечер, т.е. да гладувате 18 часови. Ако сте вечерале последно во 18 часот, тогаш не смеете ништо да јадете до 12 часот следниот ден. Освен фстаците, во регулацијата на овој хормон помагаат и авокадото и темното чоколадо.
Никако не заборавајте да вежбате!
СОВЕТ ПЛУС: Мојот совет е да си го слушате своето тело и да го следите тој пат. Жените најдобро ослабуваат тогаш кога цврсто ќе одлучат да променат нешто кај себе. Тие ја имаат таа моќ да се преобразат во инат на другите.