Посен чоколаден мус од три состојки – кремаст десерт што се топи во уста
Ако сте љубител на брзи, здрави и ароматични десерти, овој посен чоколаден мус ќе ве воодушеви.
Подготвен е од само три основни состојки, без шеќер и без готвење, а резултатот е неверојатно кремаст, богат и интензивно чоколаден вкус што потсетува на најфини пудинзи, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
• 15–20 урми (околу една полна рака, измиени и исчистени)
• 2 полни лажици какао во прав (квалитетно, по можност органско)
• 400 мл кокосово млеко (со повисок процент на кокос)
• прстофат сол (само неколку зрнца, за нагласување на вкусот)
• НМД

Начин на подготовка:
1. Во блендер ставете ги измиените и исчистени урми.
2. Додајте ги какаото и прстофат сол, а потоа налејте го кокосовото млеко.
3. Миксирајте додека да добиете свиленкаста, мазна и целосно изедначена смеса.
4. Префрлете ја смесата во помал соодветен сад.
5. Оставете да се стегне:
• во замрзнувач: 1–2 часа, за побрзо добивање на густа текстура, или
• во фрижидер: неколку часа, додека мусот убаво не се зацврсти.
Послужете го добро оладен и уживајте во овој едноставен, но раскошно вкусен посен десерт. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































