Рецепт за тиквички со крем-сирење и домати
Овој рецепт за тиквички со крем-сирење и домати е совршен спој на вкус, леснотија и здрави состојки.
Брз и едноставен за подготовка, овој оброк е идеален за секој што сака да ужива во хранлива и нискокалорична храна, без да го жртвува задоволството од вкусовите.
Погоден е за појадок, ручек или лесна вечера, а може да се сервира топол или ладен, па дури и да се понесе на патување, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
За основата од тиквички:
– 1 тиквичка (или цукерка)
– 2 јајца
– 1 кромид
– 2 чешниња лук
– 4 супени лажици цврст јогурт (или кисела павлака)
– 4 полни супени лажици брашно
– 0,5 лажичка прашок за печиво
– Сол и црн пипер по вкус
– 0,5 лажичка куркума (по желба)
За филот:
– 250 г крем-сирење (или рикота)
– 2 супени лажици цврстјогурт (или кисела павлака)
– 2 мали домати
– 1 чешне лук
– Малку свежи билки (магдонос, копар или млад кромид)
– 100 г кашкавал (или сирење)
– НМД


Постапка
1. Подготовка на тиквичките: Изрендајте ја тиквичката на крупно ренде и ставете ја во длабок сад. Додајте половина лажичка сол, нежно промешајте и оставете ја да отстои неколку минути за да испушти вода.
2. Подготовка на смесата: Во посебен длабок сад разматете ги јајцата до добивање пенаста смеса.
Додајте половина лажичка сол, половина лажичка прашок за печиво, половина лажичка црн пипер и, по желба, половина лажичка куркума. Изрендајте две чешниња лук на ситно ренде и додајте ги во смесата. Промешајте добро.
3. Додавање на останатите состојки: Во смесата со јајца додајте четири супени лажици цврст јогурт (или кисела павлака) и четири полни супени лажици брашно.
Мешајте додека да добиете хомогена смеса. Исечкајте еден кромид на ситни коцки. Откако тиквичките ќе испуштат вода, исцедете ги добро (водата може да се искористи за супа или да се испие).
Додајте ги исцедените тиквички и кромидот во смесата со јајца и внимателно промешајте.
4. Формирање и печење на основата: Добиената смеса распоредете ја во форма на палачинки на плех обложен со силиконска хартија за печење или намастен со растително масло.
Дебелината на палачинките може да ја прилагодите по желба. Печете во загреана рерна на 190°C околу 15 минути.
5. Подготовка на филот: Во сад измешајте 250 г крем-сирење (или рикота) со две супени лажици цврст јогурт (или кисела павлака) за да добиете кремаста смеса.
Изрендајте едно чешне лук на ситно и додајте го во смесата. Ситно исечкајте малку свежи билки (магдонос, копар или млад кромид) и измешајте ги со сирењето. Исечете ги доматите на тенки кругови.
6. Склопување на јадењето: Извадете ги печените палачинки од рерната. На едната половина од секоја палачинка нанесете од смесата со крем-сирење, распоредете парчиња домати и посипете со свежи билки.
Преклопете ја палачинката со другата половина. На врвот изрендајте 100 г кашкавал.
7. Финално печење: Вратете ги палачинките во рерната и печете уште 7 минути на 190°C.
8. Сервирање: Послужете ги палачинките топли или ладни, според ваш вкус. Ова јадење е одлична закуска или оброк што може да се понесе и на пат.
Овој рецепт за тиквички е едноставен, а резултатот е вкусен и здрав оброк што ќе ги воодушеви сите љубители на лесна и хранлива храна.
Уживајте во подготовката и споделете го задоволството со вашите најблиски! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:











