Од 1 килограм брашно направив 5 метри долга пита…Многу едноставен и вкусен рецепт…Еве што сѐ ми беше потребно и како ја направив питата:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 мл газирана вода
2 јајца
50 мл масло
1 лажица оцет
1 лажичка сол
1 килограм брашно

За фил:
400 г ситно сирење
1 кг варен компир (ладно пире)
1 жолчка

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад соединете ги состојките за тесто, па започнете постепено да го додавате брашното. Кога тестото ќе стане компактно преминете на рачно месење, 7-8 минути на работна површина додека да добиете фино, нелепливо, средно меко тесто.

2.По потреба посипувајте брашно, но не премногу. Поделете го на 4 дела и секој дел повторно размесете го и обликувајте го во топче. Потоа со оклагија развлечете овални кори и редете ги врз крпа посипана со брашно.

3.Првите две кори премачкјате ги со масло, па поклопете ги со другите две кори и со прстите спојте им ги краевите. И нив премачкјате ги со масло одозгора. Вака оставете ги да отстојат 30 минути.

4.Откако ќе одмори тестото, земете едно и со рацете постепено развлечете го во тенка кора врз чаршав. Во видеото можете да погледнете како тоа се прави постепено и полека. Тестото мноу лесно се тегне без да се кине.

5.Целата кора одозгора посипете ја со малку масло, распоредете фил и со помош на подигање на чаршавот и свиткајте ролат. Од ролатот сечете парчиња долги колку плехот и редете ги врз хартија за печење.

6.Одозгора премачкјате со јајце и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 30 минути. Од оваа количина се добиваат 2 полни плеха. Постапката погледнете ја ОВДЕ.