Кога јадете банана, изедете го плодот кој е вкусен и многу здрав, но сочувајте ја кората, која исто така, може да се искористи како лек. Кората од банана се употребува за чистење на просторот, како состојка за компост, како и за прехрамбени цели.




Исто така, кората од банана делува како природен аналгетик и од неа може да се направи облога против б олки во колената и ревма. Едноставно, со кората од свежо излупена банана обложете го коленото и фиксирајте го го со кеса. После половина час испалкнете и повторете ја постапката по потреба.




ЛЕКОВИТ МЕВЛЕМ ОД ЈАЈЦЕ ЗА ЗГЛОБОВИ. Овој мевлем е одлично природно средство за б олни и воспалени зглобови и колена, а воедно може да се користи и за лекување на хемороиди, маститис, чиреви, забоболка, ангина и други воспалителни процеси.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: едно јајце, 400 мл маслиново масло и 60 г пчелин восок. ПОСТАПКА: јајцето тврдо сварете го, ислупете го и со виљушка иситнете го добро, додека да добиете пире.




Во посебен сад ставете го маслиновото масло заедно со пчелиниот восок, па загрејте го на тивок оган. Кога восокот ќе се растопи, започнете постепено да го додавате јајцето, трошка по трошка, бидејќи веднаш ќе започне да запенува.




Кога ќе го додадете целото јајце и ќе се појават меурчиња, тргнете го садот од оган и процедете го во стаклена тегличка или соодветен сад. Оставете да се олади со повремено промешување, а потоа е спремно за употреба.




УПОТРЕБА: Нанесувајте двапати дневно на зафатеното место. Доколку мевлемот го користите за облога, растопете малку од маста, нанесете на газа и завиткајте ја зафатената област. Фиксирајте со кеса и топол волнен шал и оставете да делува што подолго.




ЛЕК ЗА Б ОЛКИ ВО НОЗЕТЕ. Доколку имате проблем со тапи б олки во нозете, артритис, артроза, б олки во зглобови и мускулно ткиво, тогаш испробајте го овој лек. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 мл ал-кохол од аптека, 10 мл камфорен ал-кохол, 10 мл јод, 10 таблети аналгетик.




ПОСТАПКА: Иситнете ги таблетите колку што можете поситно, па додајте ги сите останати состојки, добро промешајте за да се растворат и теглата оставете ја 21 ден да отстои на темно и ладно место. После овој период користете ја течноста за мачкање на уморните нозе и б олните места во телото.




СОДА БИКАРБОНА ЗА НОЗЕ. Наполнете длабок леген со топла вода и растопете половина чаша сода бикарбона. Оставете убаво да се растопи пред да ги потопите стапалата во водата. После 15-20 минути ќе почувствувате големо олеснување. За иста цел можете да користите и бања со горчлива (епсом) сол.




ЛЕК ЗА ПРОШИРЕНИ ВЕНИ. Потребни состојки: 50 г сув лист од коприва, 50 г билка ива, 50 г кантарион. Постапка: Во голема тегла ставете ги билките и прелијте со 1 литар комова ракија и добро промешајте. Затворете ја теглата и оставете ја 3 седмици на суво и ладно место. Зафатените места нежно се премачкуваат со оваа тинктура 2-3 пати дневно.