Потребни состојки:
2 листа обланди
8 крем бананчиња
За фил:
500 г шеќер
200 мл вода
250 г маргарин
100 г чоколадо
250 г мелени бисквити
250 г мелени ореви
Постапка:
1.Во шерпа ставете вода и шеќер, па гответе додека да зоврие. Потоа додадете маргарин исечкан на коцки и искршено чоколадо, па мешајте додека да се растопи.
2.Тргнете од оган, додадете ги мелените бисквити и мелените ореви. Оставете да излади.
3.На рапавата страна од едниот лист обланда нанесете половина од приготвената смеса. Преку тоа наредете ги крем бананите, нежно притиснете па нанесете ја втората половина од филот. На крај прекријте со вториот лист обланда, со рапавата страна свртена надолу.
4.Притиснете со нешто тешко и оставете во фрижидер да преноќи, а потоа исечете на правоаголници со величина по ваш избор.
posaljirecept.rs