Отсекогаш ги сакав обландите на баба ми!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 путер/маргарин, 2 јајца, 250 г шеќер, 100 г чоколадо за готвење, 250 г бисквити, 50 г суво грозје, 100 г ореви, сок и лимонова кора по желба и 2 кори обланда
ПОСТАПКА: прво ставете ги корите меѓу влажни крпи за да омекнат. Сувото грозје полијте ги со малку рум да омекнат и набубрат.
На пареа растопете еден путер, па матете и додајте две јајца и шеќер. Кога ќе се растопат путерот, јајцата и шеќерот додајте чоколадо, искршени бисквити на крупно, натопено суво грозје и исечкани ореви.
Мешајте за убаво да се соединат состојките, па на крај додајте лимонов сок и уште рум по желба. Кога корите се добро омекнати, премачкајте ги со смесата и завиткајте во ролат.
Внимавајте да бидат целосно исполнети, без воздушни џебови. По желба можете да ставите желе бонбони или чоко бананчиња. Изладете добро, па сечете.