Потребни состојки:
500 г бисквити со путер
3 шолји сварено силно црно кафе
500 мл млеко
4 супени лажици брашно
2 ванилин шеќер
4 жолчки
250 г шеќер во прав
250 г путер/маргарин
100 г чоколадо за готвење
Постапка:
4 жолчки измешајте со 2 ванилин шеќери и 4 супени лажици брашно со малку млеко кое ќе го одземете од половина литар.
Остатокот од млекото ставете го на тивок оган да проврие, па соединете со претходната смеса со постојано мешање, додека филот да се згусне. На крај додадете го чоколадото да се растопи.
Посебно изматете го путерот со шеќер во прав и соединете го во убаво изладениот пудинг (ако е топол или млак, ќе ви се растопи путерот).
Биксвитите кратко натопувајте ги во свареното и изладено кафе, па редете ги во калап или чинија за сервирање, па филувајте со кремот. Пред послужување добро изладете.