Со мали финеси и трикови ја правам истата торта на малку поразличен начин, па успевам да го изненадам маж ми со неговата најомилена торта во три верзии. Сите три верзии се приготвуваат за 10 минути, многу брзо и многу едноставно. Заедничко за сите рецепти се бисквитите. Да започнеме од првиот:
I РЕЦЕПТ – Наједноставниот пудинг колач со бисквити, брзо и вкусно. Едноставно, брзо и вкусно, најчесто го правам кога ни се јаде нешто благо.
Потребни состојки: 500 г бисквити, 2 кесички пудинг од чоколадо + шеќер по вкус, 900 мл млеко (800 за пудинг а 100 за бисквитите), 250 г путер или маргарин и 2 реда чоколадо за готвење
Постапка: Одземете малку млеко од 800 мл и разматете ги пудинзите. Остатокот ставете го на оган да зоврие со неколку лажици шеќер по вкус, па додајте ја смесата и варете го пудингот додека да згусне со постојано мешање. Тргнете го настрана со повремено промешување, па кога целосно ќе се олади, додајте пенасто изматен путер и соединете.
Во калап редиме еден ред бисквити кратко натопени во млеко (или прво наредете ги, па со лажица одозгора ставајте им по малку млеко). Врз бисквитите намачкајте еден слој од пудингот, па повторно бисквити и сè така додека да ви се потрошат состојките.
Последниот слој нека биде крем и декорирајте со малку рендано чоколадо. Оставете го колачот да излади во фрижидер најмалку 2 часа. Наместо путер во кремот можете да додадете изматен шлаг, па кремот станува уште повоздушест. Следниот рецепт е уште поедноставен: / anelej – Coolinarika.com
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г бисквити со путер, 3 шолји сварено силно црно кафе, 500 мл млеко, 4 супени лажици брашно, 2 кесички ванилин шеќер, 4 жолчки, 250 г шеќер во прав, 250 г путер/маргарин, 100 г чоколадо за готвење
ПОСТАПКА: Одделете ги белките од жолчките, па 4 жолчки измешајте со 2 кесички ванилин шеќер и 4 супени лажици брашно со малку млеко кое ќе го одземете од половина литар. Остатокот од млекото ставете го на тивок оган да проврие, па соединете со претходната смеса со постојано мешање, додека филот да се згусне. На крај додајте го чоколадото да се растопи.
Посебно изматете го путерот (омекнат на собна температура) со шеќер во прав и соединете го во убаво изладениот пудинг (ако е топол или млак, ќе ви се растопи путерот). Биксвитите кратко натопувајте ги во свареното и изладено кафе, па редете ги во калап или чинија за сервирање, па филувајте со кремот. Пред послужување добро изладете.
РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 18 бисквити (или повеќе) + млеко за натопување, 500 мл слатка павлака за шлаг, 2 пудинзи од ванила кои не се варат (специјални, нова серија пудинзи, пишува на амбалажата – не се варат), 5 лажици шеќер и 2 ванилин шеќер. Колачот се приготвува во плех со димензии 21х36 см
ПОСТАПКА: На дното од плехот наредете бисквити претходно малку натопени во млеко. Во подлабок сад ставете ладна слатка павлака од фрижидер, додајте го прашокот од пудинзите кои не се варат, ставете 5 лажици шеќер и ванила. Убаво изматете со миксер околу 5 минути додека да се добие убав пенаст и пуфкаст крем.
Добиениот крем распоредете го рамномерно врз бисквитите и израмнете. Одозгора наросете рендано чоколадо, а потоа колачот оставете го во фрижидер да се лади најмалку 4 часа пред послужување. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.