Најлесниот начин за совршено крцкави и истовремено меки питички – без мака и без грешки
Ако со години се мачите да добиете бурек-питички што не се тестести однатре, а однадвор се крцкави и ронливи, оваа техника ќе ве воодушеви.
Новиот начин на подготовка со кратки одмори на тестото и масно премачкување дава резултат како од професионална пекарница – „пул пул бурек“ што се листа и се топи во уста.
Овој рецепт е идеален и за домашна употреба и за оние што размислуваат за мала домашна продажба, бидејќи дава сигурен и повторлив резултат, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


Со години сме се мачеле залудно: ова е најлесниот начин за крцкацви питички
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
За тестото:
• 2,5 чаши млака вода
• 1 мала лажица шеќер
• 1 мала лажица сув квасец
• 1 мала лажица сол
• 5,5 чаши пченично брашно
За премачкување:
• 150 г путер
• ½ чаша масло
За фил:
• рендан кашкавал (по потреба)
За премачкување одозгора:
• 1 жолчка
• 1 лажица масло
• НМД
Најлесниот рецепт за крцкави питички со нова техника – крцкави однадвор, меки однатре и секогаш успешен. Чекор по чекор објаснување.


ПОСТАПКА
1. Во подлабок сад сипете ја млаката вода, додајте шеќер и сув квасец, па промешајте додека да се активира квасецот.
2. Постепено додајте го брашното, а заедно со него и солта. Мешајте со лажица додека да се оформи меко тесто.
3. Замесете рачно околу 4–5 минути, додека да добиете мазно, еластично тесто што не се лепи.
4. Префрлете го тестото на работна површина и поделете го на 12 еднакви парчиња. Формирајте топчиња и оставете ги да одморат 10 минути.
5. Во меѓувреме растопете го путерот и измешајте го со маслото.
6. Секое топче лесно притиснете го и раширете го малку со дланките, па обилно премачкајте го со мешавината од путер и масло.
7. Наредете ги премачканите топчиња во плех, покријте ги и оставете ги да одморат 20 минути – ова е клучниот чекор за лиснатиот ефект.
8. По одморот, на намастена работна површина секое топче внимателно развлекувајте го со прсти додека да добиете тенка кора.
9. Во средината посипете кашкавал, преклопете ги краевите, свиткајте во ролничка, притиснете ја со дланките на двата краја за да се оформи топче.
10. Наредете ги во плех, покријте и оставете уште 15 минути да одморат.
11. Со врвовите на прстите нежно притиснете ги во средината, премачкајте со жолчка измешана со масло.
12. Печете во загреана рерна на 180 °C, горе и долу, околу 30 минути, додека да добијат златна боја.
Резултатот е борек со крцкава кора, слоевита структура и совршено меко внатрешје – без тестест дел и без сувост.
СОВЕТИ ОД ИСКУСТВО
• Тестото мора да одмора – тоа е тајната на листањето
• Може да се подготви и со спанаќ, компир или месо
• Идеален е и за следниот ден – останува мек однатре.
• Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:




































