Веројатно сте случнале за билката со необичен изглед и име, а на која и се препишуваат бројни лековити својства – гинко билоба.

Иако екстрактот на оваа билка може да се пронајде во продавници за здрава храна и аптеки, сепак поради високата цена и егзотичното потекло, најчесто ја користат оние кои што слушнале за нејзината улога во превенција од губиток на памтењето.

Но, дали знаевте дека покрај ова најпознато дејство, гинкото им помага и на заболените од витилиго?

ВИТИЛИГОТО Е ХРОНИЧНО ЗАБОЛУВАЊЕ

Ова хронично заболување на кожата е проследено со појава на хиперпигментација која првпат се јавува помеѓу 10. и 30. година од животот. Се манифестира во вид на јасно ограничени, млечно бели промени локализирани на кожата околу зглобовите или природните отвори на телото и лицето.

Иако денес се знае дека витилигото е болест која е и генетски условена со мтациите на NALP1 генот, целосната патогенеза на оваа болест не е позната.

Заболените од витилиго главно немаат никакви други пречки ниту тегоби, а лек за ова кожно заболување сè уште не постои.

КАКО ДА СИ ПОМОГНЕМЕ СЕБЕСИ ИЛИ НА ДРУГИТЕ КОИ ПАТАТ ОД ВИТИЛИГО?

Освен стандардните начини на лекување кои вклучуваат локална употреба на кортикостероидни креми и локализирана фото терапија, екстрактот од гинко билоба се покажал како терапија на иднината за овие пациенти.

Благодарение на своите состојки како што се кварцетин, проантоцијанидин, терпен со нефлавоноидно потекло, гинкоглида А, Б, Ц и други материи, гинкото има антиинфламатосрно, имуномодулаторно и антиоксидативно дејство со што се ублажува оксидативниот стрес во макрофагите и ендотелните клетки на заболените, ги чисти наталожените супероксиди и штити од УВБ индуцирана токсичност.

Предност на лекувањето со гинко билоба се огледа и во отсуството од потребата за фототерапија, бидејќи екстрактот на оваа билка спречува прогресија на витилигото и ја успорува репигментацијата кај заболените.

Поради тоа што содржи гинкголична киселина, на пациентите им се советува да бидат внимателни доколку веќе имаат докажана алергија на бршлен или манго како и на пациенти кои се на терапија со аспирин, варфарин, ибупрофен, нифедипин и валпроатом поради можни взаемни реакции со гинкото.

ТЕРАПИЈА ОД 12 НЕДЕЛИ

Во текот на терапијата со екстракт од лист од гинко билоба, која обично се спроведува во траење од 12 недели, исхраната треба да се прилагоди на болеста и да се одбегнуваат намирници кои содржат депигментни агенси како што се грозје, боровинки, грејпфрут, праски, домати или производи од пченица, а исхраната треба да се збогати со лимон, босилек, смокви, урми, морков и масло од синап.

Иако во кинеската медицина се употребува и семе и лист од гинко билоба, екстрактот од семето треба да се добегнува бидејќи содржи токсична супстанција 4-метоксипиридоксин како и цијанотични гликозиди кои можат да условат појава на труење со храна.

ЛЕК НА ИДНИНАТА

Кај заболените од витилиго, гинко билоба доведува и до анксиолитичен ефект, како и до намалување на секрецијата на кортикостероидите, а се разгледува и нејзиното влијание на експресијата врз некои гени.

Својот епитет “лек на иднината” го должи на неверојатната должина на својот геном кој брои 10,6 билиони ДНА нуклеобази, што секако предничи над човековиот геном со должина од “само” 3 билиони.