Рецепт и видео прилог на “Совршено Прибежиште” The Perfect Refuge – Варен па печен (баварски) леб.
Од оваа количина излегуваат 8-10 лепчиња со величина на седвич-лепче.
Потребни состојки:
700 г брашно ( 5 и 1/3 чаша)
400 мл топла вода ( 1 и 2/3 чаша)
30 г маслиново масло или путер растопен
1 лажичка сол
2 лажички шеќер
7 г сув квасец (2 лажички)
2 литри вода + 3 лажици сода бикарбона за варење на лепчињата
по желба семе или морска сол за наросување
Постапка:
Во подлабок сад ставете 700 г брашно и промешајте со 2 лажички шеќер и 7 г сув квасец (1 кесичка), па додадете 400 мл топла вода и 30 г растопен путер или маслиново масло. Зачинете со една лажичка сол, па со рака убаво замесете го додека да се соединат состојките. Ќе добиете меко и малку лепливо тесто.
Тестото истресете го на набрашнета површина и месете го неколку минути додека да стане еластично и мазно. Потоа покријте го и оставете го да стасува на топло околу половина час.
Повторно премсете го малку на набрашнета површина и поделее го 8 или 10 еднакви делови, а од секој дел формирајте топче (погледни видео за начинот) и редете ги врз хартија малку наросена со брашно. Покријте ги и оставете ги да отстојат 10 минути.
Тенџере со 2 литри вода ставете на оган и додадете 3 лажици сода бикарбона. Кога ќе зоврие водата спуштајте ги топчињата да се варат по 30-тина секунди од секоја страна, а потоа вадете ги со решеткаста лажица. Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени.
Лепчињата со остар нож одозгора засечете ги и наросете ги со крупна сол и семки по желба. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути (во централниот дел од рерната). Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: