Норе – заборавен струшки рецепт што повторно го оживуваме
Норе е стар рецепт што со децении се пренесувал од колено на колено, особено во струшкиот крај, а според некои извори и во влашката традиција.
Многумина го паметат од детството – по мирисот што се ширел од рерната и по едноставниот, а богат вкус. Со текот на времето, рецептот полека се губел, но спомените останале.
Во период кога не постоеле модерни пици, готови теста и брза храна, Норе било вистински домашен деликатес.
Се приготвувало за појадок, лесна вечера, а понекогаш и за ручек, најчесто послужено со чаша домашен јогурт или кисело млеко.
Денес, кога повторно се ценат традиционалните рецепти, едноставните состојки и домашната подготовка, ви го претставуваме овој заборавен специјалитет – брз, економичен и проверено вкусен, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки
• 300 г брашно
• 150 мл ладна вода
• сол по вкус
• 120 г путер
• 2 јајца
• 200 г ситно сирење
• НМД


Постапка
Во длабок сад за мешање ставете ги брашното, солта, ладната вода и јајцата. Соединете ги состојките додека да добиете мазна смеса, малку погуста од онаа за палачинки.
Плех со средна големина намастете го, па сипете ја смесата и рамномерно распоредете ја. Одозгора наредете го путерот исечен на тенки листови, а потоа рамномерно посипете го ситното сирење.
Печете во претходно загреана рерна на 200°C, околу 25–30 минути, додека да добие убава златна боја.
По желба, неколку минути пред крајот можете да додајте малку рендан кашкавал, па вратете во рерна да се допече.
Послужете го Норе топло, со чаша домашен јогурт или кисело млеко.
Рецепт: Весна





































