Ако сте по благото како мене, а истовремено сакате да ги намалите килогpaмите, тогаш ви го предлагам овој рецепт за вкусни и здрави слатки кои не содржат шеќер, ниту брашно. Многу брзо и едноставно се приготвуваат, а имаат изглед како да се фабрички произведени.




Кога првпат им ги послужив на пријателките, тие не ми веруваа дека се домашни, а уште помалку дека јас сама сум ги приготвила, бидејќи за мене е познато дека не сум многу спретна во кујна. Меѓутоа, пребарувајќи низ разни диети, случајно наидов на овој рецепт и откако го изгледав видеото одлучив да пробам да ги направам.




Постапката навистина е лесна, како детска игра, а дури и јас самата бев изненадена од резултатот. Наместо шеќер во овој рецепт се користи мед, но може да користите засладувач каков што сакате. Исто така, се користи и чоколадо кое препорачливо е да биде со минимум 70% какао. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г крем сирење (може младо сирење или млада, несолена урда), 40 г кокосово масло или путер, 40 г мед, 1 мала лажичка ванилин екстракт, 20 г кокосово брашно, 40 г несолени тостирани кикирики, 160 г црно чоколадо, 40 г масло. Оваа количина е доволна за 4 големи колачи.




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете 300 г крем сирење (филаделфија, маскарпоне…, но може и млада несолена урда или младо сирење и додајте 40 г полурастопено кокосово масло. Кокосот има многу убав вкус и мирис, но доколку немате при рака, заменете го со обичен путер.




Во садот додајте и 40 г течен мед (може да се замени со јаворов сируп, малтекс или некое сладило за дијабетичари со нула калopиска вредност), 20 г органско какао во прав и една мала лажичка ванилин екстракт.




Сите овие состојки измешајте ги со лажица или шпатула додека да добиете изедначена смеса. Но, можно е да ви останат сосем мали грутчиња од сирењето/урдата, па затоа најдобро е да користите рачен блендер кој убаво ќе ја хомогенизира смесата, ќе ја изедначи и измазни.




Смесата е готова, па наполнете го силиконскиот калап или калапчиња какви имате (кремот е многу вкусен, па обидете се предвреме да не го изедете сиот. Ставете да се стегне три часа во замрзнувач. За тоа време пригответе ја глазурата.




Една рака кикирики, околу 40 г ситно исечкајте ги, 160 г црно чоколадо искршете г на коцки и растопете го во микробранова, или на пареа, додајте 40 мл неутрално масло (може обично) и промешајте додека да се инкорпорира.




Додајте ги и кикириките. Вадете ги смрзнатите колачи од калапчињата, па боцнати на врвот од некој остар нож потопувајте ги во глазурата. Редете ги на хартија (може и заедно со ножот, на решетката) и оставете ги еден час во фрижидер додека убаво да се стегне чоколадото.