Никој не ми веруваше дека нема месо…САМО ИЗРЕНДАЈТЕ МОДАР ПАТЛИЏАН – Евтино и брзо јадење за сечиј џеб…Ретко кој знае за овој рецепт. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 модри патлиџани
1 лажичка сол
3 јајца
сол, црн и црвен пипер по вкус
2 чешниња лук
3 лажици доматна паста
100 г брашно
1 главица кромид
1 голем морков
сол, црн пипер, сув лук
100 г рендан кашкавал
свеж копар или кашкавал
лебни трошки за посипување

ПОСТАПКА:

1.Модрите патлиџани излупете ги и изрендајте ги, посолете ги и добро промешајте ги. Оставете ги 5 минути на цедалка.

2.Добро истискајте ги низ раце за да излезе што повеќе сок.

3.Во садот со исцедените модри патлиџани додајте ги јајцата и зачинете по вкус. Промешајте.

4.Додајте рендани лукчиња, доматна паста и брашно, па сето изедначете го во хомогена смеса. Тргнете настрана.

4.Во тава на малку масло издинстајте го сечканиот кромид, а потоа додајте го и ренданиот морков. Зачинете по вкус и динстајте на умерена температура додека зеленчукот да омекне.

5.На дното од огноотпорен сад со средна големина посипете лебни трошки, да се покрие дното. Распоредете половина од смесата со модар патлиџан.

6.Распоредете го динстаниот морков со кромид и одозгора посипете ситно сечкан копар или магдонос.

7.Одозора посипете го ренданиот кашкавал, па распоредете ја втората половина од модриот патлиџан.

8.Посипете лебни трошки и испрскајте малку маслиново масло. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 35 минути.

Оставете да подизлади, па послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.