Никогаш не сум јадела повкусно јадење од ОВА…Потпечени компири со спанаќ и јајца…Вкусна лесна вечера…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г компири (3-4 големи компири)
1 главица кромид
250 г спанаќ
4 јајца
100 г крем сирење
150 г рендан кашкавал/моцарела
сол, црн пипер, сув мешан зачин
сув лук

ПОСТАПКА:

Компирите исечете ги на тенки плочки и ставете ги во посолена вода кратко да се подварат, колку да омекнат. Ситно сечканиот кромид издинстајте го, па додајте го спанаќот и продолжете со готвење додека и тој да омекне.

Компирот сипете го во намастен огноотпорен сад, па одозгора распоредете го спанаќот. Залијте со изматени јајца во кои сте помешале крем сирење и зачини по вкус.

Одозгора посипете рендан кашкавал и печете 30 минути во загреана рерна на 180 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ: