Дали некогаш сте забележале дека јавноста многу малку знае за животите на навистина богатите и успешни луѓе? Имаат приватни авиони и вили на егзотични острови, а од друга страна носат стара облека и оставаат впечаток дека живеат многу скромно. Дали знаете зошто е тоа така?




Многумина прво би помислиле дека тие „глумат скромност“, бидејќи се плашат дека некој ќе ги ограби, но причината е нешто сосема друго. Вистинскиот успех не се огледа во тоа што ќе го разгласите на сите страни и „на сите ѕвона“. На пример, ќерките на еден многу познат богат човек дознале дека нивниот татко има приватен авион дури кога наполниле 30 години.




„Ако сакате да ја избегнете зависта на другите, прегрнете ја тишината“, отсекогаш велеле нашите баби, откривајќи една стара нардна мудрост. Никој не треба да знае за вашите планови, желби, цели, успеси и неуспеси.




Никому ништо не треба да му се објаснува. Ако на сите им ги откривате вашите планови, тие автоматски повеќе нема да ви бидат интересни. Сите веќе знаат за нив, а вие моментално ја губите мотивацијата да работите на нив, бидејќи веќе сте ги импресионирале другите.




Дополнително, многумина од вашите „пријатели“ и не ви се искрени пријатели. Некогаш се потребни години и години за да го дознаете вистинското лице на некој ваш „пријател“, а неретко се случува тоа никогаш и да не го дознаете.




Постојат голем број луѓе кои го глумат „пријателството“, а всушност се многу завидливи. Па, дури и директно ако не направат ништо за да го спречат остварувањето на вашите планови, доволно е што ќе ја пореметат вашата „енергетска рамнотежа“ преку „вибрациите“ на зависта.




Затоа, секогаш треба да ја имаме народната мудрост и да не ги откриваме нашите желби и планови. Запомнете:

1.Нема потреба на сите на Фејcбук да им покажувате дека сте среќни. 2.Не треба на сите да им покажувате дека сте депpecивни или тaжни, за да поправите нешто. 3.Не треба на сите да им ги откривате вашите планови и желби за да ги исполните.




4.Не ви треба одобрување од другите луѓе за да започнете нешто. 5.Нема потреба да го промовирате својот живот на Инстаграм за да им докажете на другите дека правите нешто. 6.Не треба да го објаснувате и докажувате вашиот успех.




7.Потребна ви е тишина. Ќе откриете дека ќе се чувствувате многу подобро, понезависни, позадоволни и поcмирени. И што е најважно – ќе ги постигнете своите цели, пишува Bright Side.