Home закуска „НИКОЈ НЕ ГО ЗНАЕ ОВОЈ РЕЦЕПТ“…Вака вкусни ПОЛНЕТИ ТИКВИКИ досега немам јадено…

„НИКОЈ НЕ ГО ЗНАЕ ОВОЈ РЕЦЕПТ“…Вака вкусни ПОЛНЕТИ ТИКВИКИ досега немам јадено…

„НИКОЈ НЕ ГО ЗНАЕ ОВОЈ РЕЦЕПТ“…Вака вкусни ПОЛНЕТИ ТИКВИКИ досега немам јадено…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 тиквички, исечени на ленти
сол, по вкус
150 г рендан кашкавал

За фил:
1 главица кромид сечкана
маслиново масло
1 морков, рендан
3-4 чешниња лук, мелено
неколку гранчиња копар (или магдонос), сечкани

Смеса за потопување на ролничките:
3 јајца
200 г кисела павлака
5 лажици брашно

За сос – гарнир (по желба):
2 домати, сечкани
1 лажица доматна паста
црн пипер по вкус
малку вода (прилагодете според потребите на сосот)

ПОСТАПКА:

1.Тиквичките исечете ги на долгнавести ленти со дебелина од приближно 4-5 мм, посолете ги и оставете ги да отстојат 15-тина минути за да го испуштат сокот.

2.ФИЛ:Во тава загрејте малку масло и потпржете го ситно сечканиот кромид. Додајте рендан морков и зачинете по вкус. Динстајте 5-7 минути на ниска температура. Додајте рендан лук и динстајте уште 2 минути. Посипете ситно сечкан копар или магдонос.

3.СОС:Во друга тава пропжете ги ситно сечканите домати. Додајте го лукчето, доматната паста и малку вода, зачинете по вкус и динстајте 5 минути.

4.Лентите од тиквички исушете ги од сокот со помош на хартиена салветка, па наредете ги на рамна површина. Филувајте ги и посипете ги со рендан кашкавал, па свиткајте ги во ролнички. Фиксирајте ги со дрвена чепкалка.

5.Во подлабок сад изматете ги јајцата со киселата павлака и брашното додека да добиете изедначена, мазна смеса без грутчиња.

6.Потопувајте ги ролничките во смесата па спуштајте ги во умерено загреано масло и пржете ги додека да заруменат.

Вадете ги врз хартиена салветка. Послужете ги со доматниот сос. Постапката погледнете ја ОВДЕ.