За сите ние кои сме родени во 50-те, 60-те, 70-те и 80-те. Овие 4 генерации сме искусиле многу, се разбира да земеме предвид на работите кои тековно сме ги доживеале до ден денес. Во продолжение прочитајте го текстот на една жена која им испраќа порака на оние кои се родени во ова златно време..




,,Сме искусиле како е да се живее во тоа време, а тек сега согледуваме во какво време живеат нашите деца. Родени сме нормално, иако нашите мајки пиеле аспирин кога имале главоб олка, јаделе конзервирана храна, некои пу-шеле и работеле до последниот ден од бре-меноста, а покрај тоа никогаш не биле тестирани за дијабетес..

Како деца, се возевме во автомобили без појаси и без воздушни перничиња и не моравме да имаме шлемови на глава кога возевме велосипед или ролери. Пиевме вода од градинарски црева, а не од купечки шишиња поминати низ големи трговски синџири. Си делевме шише сок, а никој помеѓу нас не се заразуваше.

Јадевме млечен сладолед, бел леб и вистински путер, пиевме сокови што беа полни со шеќер, но не бевме дебели затоа што постојано игравме надвор. Излегувавме наутро, игравме по цели денови.

Честопати родителите не можеа да не најдат, но не се загрижуваа бидејќи живеевме во безбедно општество. Родителскиот збор беше последен, тоа беше дел од воспитувањето, па колку и да не ни се свиѓаше некоја нивна одлука, молчевме мадро и слушавме.

Се сопнувавме на камчиња и бевме цели во модрици, но тоа не ни беше важно бидејќи бевме среќни што играме надвор. Немавме измислени пријатели, напротив имавме вистински пријатели кои ги создававме со текот на времето.

Не пиевме ап-чиња за хиперактивност, а ниту витамински суплементи. Пиевме сок од лимони, цвекло, моркови и тоа не одржуваше здрави. Немавме видео игри, ниту + 99 канали на ТВ, само два канала и тоа вториот само напладне. Имавме еден телефон, домашен..

Паѓавме од дрвја, знаевме да се исе-чеме на стакло, да скршиме заб, нога, рака, но нашите родители не одеа на суд поради тоа. Игравме со лак и стрела, градевме снежни тврдини, читавме стрипови и повторно сме нормални. Имавме големи љубови, со кој излегувавме во парк, пешечевме, живеевме едноставно.

Секогаш пешачевме, колата не ни беше првото посегнување кога брзавме да стигнеме некаде. Родителите беа построги од законите, како ќе речеа, така слушавме покорно. Последните 50 години беа најплодните години во историјата на светот.

Нашите генерации ги произведоа најдобрите пронаоѓачи и научници досега. Имавме слобода, право на грешки, успех и одговорност. И научивме да живееме со тоа! Ако и вие припаѓате на оваа генерација, ви честитам и наздравувам за вас. Секој од нас е ангел со само едно крило ама ние сепак летаме прегрнати едни со други.”