Неверојатно вкусна пита! Сè измешајте и испечете во рерна! Едноставно и многу вкусно! Од оваа количина ќе добиете две пити. Еве што ви е потребно:

Тесто:
Топло млеко – 200 мл
Топла вода – 200 мл
Сол – 1 лажиче
Шеќер – 1 супена лажица
Квасец – 1 лажиче
Јајце – 1
Растително масло – 50 мл
Брашно – 550 грама

За премачкување на тестото: 100 г путер

За фил:
Компири – 3 (350 грама)
Месо – 300 грама
Кромид – 2 главици
Сол – по вкус
Црн пипер – по вкус

Дополнително:
Жолчка од јајце – 1
Млеко – 1-2 лажици

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад измешајте: млако млеко и вода, јајце на собна температура, сол, шеќер и сув квасец. Потоа започнете постепено да го додавате брашното. Најпрво сипете половина, промешајте, па остатокот додавајте го малку по малку.

Кога тестото ќе стане компактно додајте го и маслото, па месете додека тоа да се инкорпорира. Измесеното тесто кое е мазно, меко и не се лепи за прсти, оставете го покриено на топло место да ферментира приближно половина час.

ЗА ФИЛ: Компирите изрендајте ги и помешајте ги со месото исечено на ситни коцки. Додсјте ситно сечкан кромид, посолете и запиерете по вкус. Промешајте. Одокативно поделете го филот на 4 дела.

Стасаното тесто истресете го на набрашнета работна површина и поделете го на 4 дела. Обликувајте топки. Трите топки завиткајте ги со кеса или проѕирна фолија додека го работите првото топче.

Со оклагија развлечете голема кора и преку цела површина премачкјате ја со растопен путер. Распоредете рамномерно четвртина од приготвениот фил.

Настрана развлечете уште една кора и поклопете ја врз филот.

Повторете ја постапката: премачкјате со растопен путер и распоредете четвртина од филот.

Потоа од подолгата страна започнете внимателно да го завиткувате ролатот. Свиткајте го во полжав, покријте со кеса/фолија и оставете го во фрижидер 10 минути.

За тоа време пригответе го остатокот од тестото и филот на ист начин како и претходно. Потоа извадете еден „полжав“ од фрижидер и поставете го во плех обложен со хартија за печење. Полека сплескајте го дланките да добие облик на пита.

Одозгора премачкјате го со изматена жолчка во која сте додале малку млеко и направете шари со виљушка.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, 35 минути. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.