Ѓумбирот и натаму се користи како ефикасно средство против тромбоза, реума, ишијас, артритис и слични болести и неговата ефикасност е многу добра.
Ѓумбирот може да се користи на следнипт начин:
Сомелете 30-40 г сув ѓумбир или помеѓу 100 и 140 грама свеж ѓумбир и ставете во платнена кесичка.
Кесичката ставете ја во сад со зовриена вода и оставете да врие уште 5 минути.
Натопете памучна ткаенина во водата, исцедете го вишокот вода па нанесете како облога на болното место.
Фиксирајте со сува крпа. Менувајте ја облогата на секои 5 минути и направете го тоа најмалку трипати.
Ѓумбировата вода ќе помогне кога станува збор за ревматизам, артритис, болка во грбот, менструални болки, забоболка, вкочанетост на врат, болки од бубрежни каменчиња и астма.