Потребни состојки: 4 јајца, 200 г шеќер, 100 мл масло, 100 мл топла вода, ½ прашок за печиво, 200 г брашно, 1 ванилин шеќер, 1 лимон – кора и 2 лажици какао
Постапка: Се двојат белките од жолчките. Од белките се микса цврст снег. Во друг сад се микса 150 г шеќер, 4 жолчки, па се додава постепено вода и ванилин шеќер – смесата преба да биде пенаста.
Додаваме брашно помешано со прашок за печиво, рендана кора од лимон, масло, а на крај со лажица се соединува со снегот од белки. Една третина од смесата одвојуваме, па во едниот дел ставаме какао и 50 г шеќер, па матиме со миксер или со жица за да соедини добро.
Во намастен и набрашнет калап за куглоф излеваме наизменично светла и темна смеса. Или прво излејте ја светлата смеса, па во нела излејте ја темната, а потоа со виљушка лесно промешајте за да добиете шари.
Рерната загрејте ја на 180 степени околу 40 минути. Извадете од калап и наросете обилно со шеќер во прав или направете чоколадна глазура, па прелијте врз изладениот куглоф и наросете по желба со сечкани ореви.