Есента дојде, времето постојано е променливо, наутро многу студено а напладне топло, па така стигаат и настинките. Кога ќе почувствувате дека плитко дишете бидејќи плуќата ви се наполнила со слуз и не можете да убаво да се искашлате, направете го овој лек, бидејќи сигурно помага. Испробан е многупати!
Потребни состојки:
1 главица кромид
2 лажици природен мед
Постапка:
Одберете фина главица кромид со средна величина и убаво измијте внимавајќи да остане лушпата. Отсечете го само коренскиот дел.
Кромидот засечете го со остар нож вертикално и хоризонтално, но не скроз до дното.
Вака приготвениот кромид ставете го во подлабока чинија и залијте со две лажици квалитетен мед.
Прекријте со проѕирна фолија, убаво, да не влегува воздух, па оставете неколку часа на собна температура.
Потоа смесата процедете ја низ газа. Тоа е доза за еден ден. Консумирајте по една лажица од сирупот на секои два часа, а може и почесто. За кратко време ќе почувствувате дека полесно дишете и за кратко ќе почнете да искашлувате цели парчиња густа слуз.
Јас обично ова го користам околу три дена – и доволно ми е. Децата исто така го сакаат, овој лек е сладок како мед : )