Ќе се согласите, ова е необична, но особено мудра досетка. Експертите велат дека е добро повремено и умерено да се консумираат лутите пиперки, бидејќи содржат една исклучително лековита супстанција наречена капсаицин, а која ја поттикнува циркулацијата.
Познато е дека лошата циркулација не им обезбедува доволно храна на ткивата и органите и поради тоа придонесува за развој на различни болести.. Меѓутоа, секој не може да го поднесе лутото дури и ниту во најмала количина и на тој начин му е ускратено благопријатното дејство на овој необичен зеленчук.
За среќа, постои друг начин за подобрување на циркулацијата, а тоа е: наместо да ја изедете лутата пиперка, истата да ја ставите во чорапите кои ќе ги обуете пред спиење. Секако, пиперката претходно треба да ја пресечете надолжно на половина, или ситно да ја исечкате и сомелете.
Лутата пиперка сомелена во вид на паста можете да ја искористите како облога и да ја нанесете на табаните. Со проѕирна фолија и чорап добро се фиксира облогата за да не се растури во текот на спиењето.
Кога капсаицинот кој го содржат лутите пиперки, ќе дојде во контакт со кожата, ќе се апсорбира и ќе предизвика локално забрзување на метаболизмот, проширување на кр-вните садови и ќе се засили циркулацијата.
Доколку ова го направите навечер пред спиење, експертите истакнуваат дека тоа ќе ви помогне подобро да заспиете, па „со еден у дар ќе у-би-ете две муви“. Наједноставно е да набавите лута пиперка во прав, па да ја наросите на стапалата и преку правот да облечете чорапи. Може да употребите и масло од лути пиперчиња, а рецептот за истото можете да го прочитате подолу во текстот.
Сепак, не треба да се претерува ниту со количината, бидејќи би можело да ви стане претопло. Испробајте најпрво на помал дел од кожата на стапалата, па доколку нема несакани ефекти применете врз целото стапало.
Лековито масло со лути пиперчиња за ревматски болки, невралгија и болки во зглобови
Ова одлично масло не само што можете да го користите во кујната за зачинување на вашите омилени јадења, туку можете да го користите за лекување, како и за антицелулитна масажа и третирање на слаба циркулација. Маслото се прави од лути црвени пиперчиња и одлично помага при радикулитис, миозитис, невралгија, реума и болки во зглобовите.
Маслото од лути пиперки спаѓа во групата на иритирачки и загревачки масла. Поседува дразбено дејство: ги шири капиларите, ја зголемува циркулацијата на кр-вта во горните делови на кожата, го подобрува ткивниот метаболизам и ги активира регенеративните процеси на епидермисот.
Потребни состојки: 10 свежи лути пиперчиња, 2 чаши ладно цедено маслиново масло и стаклена тегла
Подготовка: пиперчињата се мијат, им се отстранува рачката и се мелат на машина за мелење месо. Се добива околу 1 чаша мелени пиперки. Мелените пиперки ставете ги во стаклена тегла и прелијте ги со маслото. Промешајте и оставете ја теглата на темно место да отстои една недела. После 7 дена, процедете ја содржината низ газа или цедалка.
Содржината од мелените пиперки можете да ја складирате во стаклена тегла и да ја чувате во фрижидер. По потреба користете како додаток на јадењата. Маслото складирајте го во стаклено шише и користете го за масирање.
Во почетокот маслото треба да се нанесува на кожата неколкупати дневно, при појава на болки во зглобовите. Притоа се чувствува пецкање на кожата, подносливо дури и пријатно, затоа што маслото длабоко ја загрева кожата. Потоа болните места мора убаво да се затоплат со топла ткаенина за да се задржи топлината на телото.
Со време, интензитетот на нанесување се намалува, па така по изминати месец-два, процедурата може да се прави еднаш неделно, по потреба. Маслото се чува на темно место, или во фрижидер.