Фантастичен колач кој може да послужи како торта, сите ќе ви бараат уште едно парче.

Потребни состојки:

3 јајца

200 г шеќер

50 г рендано чоколадо

250-300 г какао крем

50 г растопен путер

150 мл млеко

200 г мелени бисквити

100 г гриз

1 прашок за печиво

1 лимон- рендана кора

постапка:

Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете ги сите состојки освен кремот, добро изедначете и смесата ставете ја во подмачкан плех.

Печете на 200 степени околу 35 минути.

Колачот изладете го и премачкајте го со какао кремот, па одозгора наросете со мелени бисквити или ореви.

Деталите можете да ги погледнете во видеото: