Потребни состојки:
8 јајца, L величина
На секое јајце оди по 30 г шеќер, што значи за 8 јајца, 240 г
11 полни лажици брашно
1 прашок за печиво
1-2 ванилин шеќер
Малку помалку од 100 мл
50 мл масло
Рендана кора од половина лимон и половина портокал
Постапка:
Одвојте ги жолчките од белките. Поголемиот дел од шеќерот и ванилин шеќерот додадете ги во жолчките, а остатокот ставете го во белките (прво се матат белките, па кога ќе добиете цврст снег, постепено се додава шеќерот и се продолжува со матење).
Значи откако ќе добиете сјаен цврст снег од белки, земете ги жолчките и пенасто изматете ги со жолчките (ако прво ги миксате белките, не мора потоа да ги миете маталките, туку директно продолжувате да ги матите жолчките).
Во изматените жолчки додавате млеко, малку по малку со постојано матење со миксер на најмала брзина, а потоа додадете ги и маслото на ист начин. Потоа малку по малку додавајте брашно помешано со прашок за печиво и промешајте полека со дрвена или силиконска лажица.
Мешајте секогаш во иста насока и настојувајте во бисквитот да не навлезе многу воздух за да нема меури и големи дупки при печењето. Кога ќе додадете отприлика половина, смесата ќе стане доста густа и тогаш започнете напоредно да додавате и снег од белки за малку да се „разреди“, па повторно брашно, промешајте, белки, па промешајте и така до крај.
На крај додадете за арома малку рум или кора од лимон и портокал. Мириса преубаво. Ако сакате темен бисквит, одземете две лажици брашно и исто толку или малку помалку додадете какао.
Печете во загреана рерна на 180 степени околу половина час, во зависност од рерната. Првите 20-тина минути никако не ја отворајте вратата од рерната за да не спласне, а потоа со чепкалка проверете дали е готов. Јас оваа количина ја печам во плех 30х23 см и го сечам на три дела, така добивам одеднаш три кори.