Неодоливо вкусен СОЛЕН КОМИСБРОТ каков не сте пробале досега…нов рецепт. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца
200 г брашно
180 г кисело млеко
100 г шунка
50 г салама
100 г кашкавал
10 г прашок за печиво
сол по вкус
сусам

ПОСТАПКА:

1.Шунката, саламата и кашкавалот исечкајте на ситни коцкички. Во посебен сад одвојте ги белките од три јајца. Додајте прстофат сол и изматете цврст снег. Потоа додајте ги и жолчките и матете додека да се соедини.

2.Додајте кисела павлака, масло, брашно и прашок за печиво, па изматете со миксерто додека да се изедначи. Додајте ги сечканите намирници и промешајте со лажица.

3.Сипете во калап 30х20 см (за леб или ролат), претходно обложен со хартија за печење.

Одозгора посипете сусам и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.