На многу лесен и едноставен начин пригответе ја една од највкусните салати кои постојат. За претстојните празници послужете ги вашите гости со нешто ново и воодушевете ги. Наместо „мимоза“ и „pуска“ салата, направете ја оваа фантаcтична кремаста салата. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (Рецепт на Фатма): 4 зелени тиквички со средна величина, 4 крупни чешниња лук (или по вкус), 7-8 лажици цврст јогурт или кисела павлака, 1 полна рака ореви, неколку супени лажици маслиново масло (35-40 мл), 1 прстофат сол или по вкус
ПОСТАПКА: Тиквичките измијте ги добро со ладна вода, отстранете им ги двата краја (дршката и задниот, задебелен дел), па изрендајте ги на крупната страна од рендето. Во широка нелеплива тава ставете 6-7 супени лажици маслиново масло (40 мл) да се загрева на умерена температура.
Во маслото ставете да се пропржат една-две раце крупно сечкани ореви. Од моментот на загревање, пржете ги оревите 5 минути со непрекинато мешање додека убаво да замирисаат и сосем малку да заруменат, на средно умерена температура.
Во пропржените ореви додајте ги ренданите тиквички. Намалете ја температурата, промешајте и оставете тиквичките постепено да го испуштат својот сок. Динстајте ги со повремено промешување додека да испари течноста. Посолете ги по вкус.
Кога тиквичките ќе бидат зготвени и омекнати, претурете ги во посебен сад и тргнете ги настрана да се оладат. Потоа додајте четири чешниња лук, изрендани или истиснати преку преса, а може и да ги исечкате многу ситно (по избор).
Во смесата додајте 7-8 супени лажици цврст јогурт или кисела павлака и посолете со прстофат сол или по вкус. Киселата павлака додавајте ја постепено или на неколку наврати, за да оцените точната конзистенција.
Смесата треба да биде густа и да може да се црпи со лажица. Промешајте ги состојките додека убаво да се распоредат и изедначат вкусовите. По потреба изладете ја салатата во фрижидер пред послужување, но може и веднаш да се послужи на следниот начин:
Претурете ја смесата во овална декоративна чинија, распоредете, направете бранови, залијте со малку маслиново масло, посипете црвена зачинска пиперка, малку ситно сечкани ореви и декорирајте со зелени гранчиња копар. Деталите погледнете ги ОВДЕ.