Не ми е тешко во недела наутро да замесам тесто и да направам топло печиво за појадок: уштипци или пишии, не знам во вашиот крај како ги нарекувате…кај мене се пишии. Отсекогаш дома сме ги сакале и често ги правевме.
Единствено ми пречеше што при пржењето тестото ми впиваше многу масло, па тоа ми го расипуваше кулинарскиот ефект, сè додека една сосетка не ми ја откри нејзината тајна и не го испробав нејзиниот рецепт. Оттогаш ги приготвувам вака, и сите ми ги сакаат, особено внучињата…
Потребни состојки: едно јајце, 1-2 чаша кисела павлака, 1 чаша топла вода, 1 кесичка прашок за печиво, малку сол, брашно по потреба. Постапка: се замесува тесто од сите наведени состојки, а брашното се додава постепено.
Треба да се добие меко тесто, како за пита или за пиџа. Потоа се развлекува кора со помош на оклагија, се дебелина на еден прст. Се сечат правоаголници и се пржат во загреано масло. Прочитајте го и следниот краток рецепт за брзи пишии, кој беше фаворитен за читателите на НМД.мк:
БРЗИ ПИШИИ: Децата секогаш ми бараат уште и уште
Непроценлив рецепт! Домашните пишии се одлични за појадок, ужина или оброк за носење на работа. Па, доколку не сте пробале да ги направите досега, обидете се со едноставниов рецепт.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 мл кисело млеко, 600 г брашно, 1/2 супена лажица сода бикарбона, 1/2 супена лажица сол, 1 пакетче прашок за печиво
ПОСТАПКА: во подлабок сад се става брашно, потоа се додава киселото млеко, сода бикарбона, сол и прашок за печиво. Се замесува меко и мазно тесто. Тестото се развлекува во поголема кора со дебелина од 1 центиметар.
Развлечената кора се сече по должина на ленти, а потоа и попреку, накосо за да се добијат форми на баклава. Или сечете ги во форма по ваша желба (секако се многу вкусни, без разлика на формата).
Добиените баклавчиња се пржат во умерено загреано масло, а потоа се редат на кујнска хартија за да се исцеди вишокот маснотија од нив. Пишиите се послужуваат со сирење и со чаша јогурт или пак со кисело млеко. Во продолжение прочитајте го рецептот за јогуртните пишии:
Испробан рецепт за појадок или вечера – пишии со јогурт – готови за половина час. Превкусни пишии, мекици, уштипци со јогурт, кои сите ќе ве воодушеват со вкусот. Брзо се приготвуваат, за половина час се готови! Брзи и вкусни.
Потребни состојки: 2 јајца, 250 мл јогурт, 1 лажичка сол, 1 прашок за печиво и 550-600 г брашно
Постапка: двете јајца малку изматете ги со жица, па додајте 250 мл јогурт, една лажичка сол и еден прашок за печиво. Промешајте и добро и соединете. Во смесата започнете да додавате 4,5 чаши (од 200 мл) брашно или 550-600 г.
Прво мешајте со лажица, а потоа и со раце. Замесете убаво меко тесто кое не се лепи за раце. Тестото префрлете го на набрашнета работна површина и развлечете го во кора со дебелина од 5 мм.
Кората исечете ја на правоаголничина, квадратчиња или триаголничиња и оставете ги да одморат 10-тина минути. За тоа време загрејте го маслото. Пржете ги на умерена температура.
Прво спуштајте ги во масло со горниот дел, па откако ќе зарумени, свртете ги и на другата страна. Пржените пишии вадете ги врз хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија.