Баравте рецепт за совршено пица тесто кое ќе може да го искористите и за фурнаринки со кашкавал? Имаме еден брз предлог кој може да се модифицира според вкусот и потребата.

Меѓу другото, важно е печењето, односно тестото треба да се стави во претходно загреана рерна (на највисоката можна температура) и да не се оптоварува одозгора со премногу фил. Еве што е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 мл топла вода, 2 1/4 лажички сув квасец, 1 лажица мед или шеќер, 2 лажички сол, 2 лажички маслиново масло, околу З чаши брашно

ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете ја топлата вода и во неа растворете го медот или шеќерот и додајте го квасецот. Промешајте добро и оставете го 10-тина минути на топло додека да се активира и запени.

Потоа додајте половина од брашното и солта, па мешајте со лажица додека да се изедначи смесата. Постепено додавајќи го остатокот од брашното замесете убаво, меко и еластично тесто.

Оставете го покриено во топла просторија да стасува 1 час или повеќе ако за тоа е потребно, додека убаво да го зголеми својот волумен. Потоа додајте му го маслиновото масло и премесете го нежно додека да го впие.

Од овој момент тестото можете да го поделите на помали парчиња и да формирате топки, па да ги намастите и да ги ставите во некој намастен сад, па покриени со проѕирна фолија да ги оставите во фрижидер до следниот ден.

Мака приготвените топчиња тесто може да отстојат во фрижидер и три-четири дена, па по потреба да си вадите по топче и од него да развечете тенка кора за пица или фурнаринки. Топчето тесто ставете го врз набрашнета површина, одозгора наросете го со брашно, па со рацете рацвлечете ја кората (или со оклагија).

Се разбира, тестото можете да го користите и истиот ден откако сте го замесиле, само по формирањето на топчињата треба истите да ги оставите да одморат 10-тина минути. За тоа време можете да го приготвите филот.

Наш предлог за фил: исечкајте неколку чешниња лук и запржете ги на тивок оган со лажица путер и малку маслиново масло. пржете ги со непрекинато мешање додека да се карамелизираат и омекнат. Тргнете го на страна, пишува НМД.мк

NMD.mk

Кога ќе го развлечете тестото за пица/фурнаринки обидете се тоа да биде што потенко. Со прстите подбутнувајте го тестото и на тој начин раширувајте го, оставајќи мал издигнат прстен на ивиците.

NMD.mk

Истурете го пржениот лук насекаде низ пицата заедно со растопениот путер во кој се пржеше, ставете неколку ситни парчиња моцарела и наросете рендан пармезан. Ставете да се пече во претходно добро загреана тава или плех на највисока можна температура, околу 8 минути.

Доколку врз пицата ставате доматен сос, истиот ставете го во многу тенок слој и со кујнска четка премачкајте го преку целата површина заедно со ивиците. Ставете тенки парчиња шунка, рендан кашкавал, феферони или што и да сакате по ваш вкус.

Запамтете дека тестото не треба премногу да се затрупува со продукти за да може убаво да се пече. Сè што сакате можете отпосле да додадете, откако пицата ќе се испече и сè уште е топла.

Истото важи и за фурнаринките: премачкјате го тестото одозгора со растопениот путер, наросете малку пармезан или изрендајте сирење, па исечете го на ленти и ставете го да се пече, исто како што беше опишано и за пицата.

NMD.mk