Променливиот период помеѓу сезоните е еден од виновниците за непријатните кругови под пазувите. Без разлика на тоа што ќе облечете, сепак не сте подготвени за дневните скокови на температурата. Но, постојат решенија и за тоа.
Со помош на овие четири трикови ќе престане вашиот стрес предизвикан од потењето.
1. Одржување на лична хигиена
Одржувањето на хигиената е секако еден од најдобрите начини за борба против непријатните кругови и мириси. Со редовно туширање, вашето тело ќе биде чисто и суво, што е неизбежно во борбата против зголеменото потење. Ако имате проблеми со тоа, туширајте се еднаш дневно или барем мијте ги пазувите.
Отстанувањето на влакненцата со жилет или со восок нема да ја намали количината на потење, но ќе спречи потта да се задржува на вашиот пазув. Неизбежен чекор е и користење на антиперспиранти. Освен грижата за личната хигиена, важно е и да облекувате чиста облека.
Доколку често се потите, перете ги маиците после едно носење, бидејќи за непријатниот мирис не е виновно моменталното потење, туку и остатоците од бактериите од веќе исушената пот.
2. Внимавајте што јадете
Еден од факторите кој доведува до непријатен мирис на потта е и начинот на исхрана. Зачинетата храна може да ви предизвика проблем ако сте склони кон зголемено потење, па поради тоа е важно да ги промените вашите навики на исхрана. Зеленчукот како кромид и лук, како и зелката, содржат голема количина на сулфур кој ќе направи вашата пот да има лут мирис кога ќе се исуши, а некои зачини како куркума и кари исто така можат да ги засилат непријатните мириси.
3. Памук пред полиестер
Тешко е да им одолеете на тренди моделите во продавниците, но иако некои парчиња облека изгледаат фантастично, често се направени од разни мешавини на ткаенини. Ако имате проблем со зголемено потење, секако фрлете поглед на етикетата пред купување. Избегнувајте ткаенини како свила полиестер и најлон во кои вашето тело нема да може слободно да дише. Сигурни сме дека ќе пронајдете интересни модели и од памук, лен, па дури и од волна, во кои ќе изгледате и ќе се чувствувате одлично.
4. Избегнувајте облека во светла боја
Одберете облека во бои на кои нема да се забележуваат трагите од пот. Белата боја, и општо посветлата облека, ќе го откријат вашиот непријател, додека потемните тонови ќе го сокријат.