Фото и рецепт: Милена Ѓурџевиќ
Потребни состојки:
300 г шеќер
200 мл вода
180 г маргарин
Се ставаат на оган да зоврие колку убаво да се растопи, па се трга од оган и се додаваат:
200 г ореви и
околу 500 г мелени бисквити.
Добиената смеса се дели на два дела, па во едниот се додава 50 г чоколадо.
Прво се излева темниот дел во калап, а одозгора светлиот дел.
Глазура: 100 г чоколадо и 3 лажици масло растопете на масло и прелијте ја бајадерата.
Доколку сакате, можете да ставите глазура и помеѓу слоевите.