Не знаев што јадам кога првпат го пробав ова…Како похуван кашкавал, многу вкусно…
Кога првпат ова го пробав кај другарка ми Сашка, беше сервирано како предјадење и навистина не знаев што јадам. Ми личеше на похуван кашкавал, но вкусот беше поинаков и малку посладок.
Тогаш ми го кажа рецептот, на кој јас дополнително му додадов пармезан. Вака приготвената палента многу ми се допаѓа и повремено ја правам за појадок или вечера.
Дома се тепаат кој побрзо ќе земе парче уште додека се топли, дуваат во нив или ги ладат во сос од кисело млеко, сенф и магдонос.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 г инстант палента
20 г рендан пармезан (1/2 кесичка)
1 поголемо јајце
брашно, презла за похување
ЗА СОС:
3-4 лажици кисела павлака
1-2 лажици сенф
1-2 лажици сечкан магдонос
малку сол
ПОСТАПКА:
Кога првпат ова го пробав, не знаев што јадам…Похувана палента, како похуван кашкавал!