За читателите на НМД.мк рецептот го сподели Зорица Зикова. „Јас почесто имам бронхит и многу кашлам.

Еднаш се случи да бидам на гости кај сосетката, па кога таа слушна како кашлам, веднаш ми направи еден лек. Оттогаш не сум се разболела“, вели таа.

NMD.mk

„Таа ми рече: „Ние не знаеме што е тоа доктор. Штом некој започне да се разболува, сите пиеме од лекот и веднаш ни поминува“, раскажа Зорица Зикова.

NMD.mk

„Ниту вируси, ниту настинки, овој едноставен лек веднаш ги решава сите проблеми. Ако започне да гребе грлото, ќе го направам и веднаш поминува“, раскажа Зорица, а потоа објасни како се приготвува лекот.

NMD.mk

ЕВЕ ГО ЛЕКОТ – Потребни состојки: 4-5 мали лажички шеќер, 3 супени лажици масло, 150 мл ракија и ½ лажичка црн пипер. Напомена: оваа количина, не се пие одеднаш, туку по малку во текот на целиот ден.

NMD.mk

ПОСТАПКА: Ставете 4-5 лажички шеќер на умерен оган додека да се растопи и карамелизира. Не мешајте додека да се растопи.

NMD.mk

Додајте и 3 лажици масло да зовријат со шеќерот. Непрекинато мешајте и внимавајте да не ви загори шеќерот. Потребно е само да се растопи и да се карамелизира.

NMD.mk

Потргнете го малку садот настрана и додајте 150 мл ракија. Ракијата додавајте ја малку по малку, не одеднаш, за да не испари.

NMD.mk

Внимавајте, може да прска ако маслото е многу врело, па затоа најдобро е да ја намалите температурата / да го тргнете садот од рингла и ракијата да ја додавате постепено.

NMD.mk

Оставете да зоврие, промешајте и додајте половина лажичка црн пипер мелен во прав. Повторно промешајте.

NMD.mk

Се промешува добро да се соединат сите состојки и се пие топло. Овој природен лек е испробан и делотворен на многу луѓе. Сите се задоволни, па доколку и вие имате сличен проблем, пробајте го, ќе бидете благодарни.

NMD.mk