Често дома ни се случува да ни се јаде нешто благо, а тоа да не е чоколадо, а сепак да е вкусно и лесно. Многу сум среќна што го најдов овој рецепт кој сите нè зaдoволи со вкусот. Без печење и валкање на многу садови, јас го правам двапати седмично и ќе се пофалам дека ми е омилениот колач.




Потребно е само да имате едно млеко и пудинзи од чоколадо и ванила бидејќи тие се базата на колачот. Нема да ви биде чудно што е целиот во крем, бидејќи добро се стегнува во фрижидер и не се pacпаѓа. Еве што ви е потребно за да го направите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПРВИОТ КРЕМ: 500 мл млеко, 1 пудинг од чоколадо, 3 супени лажици шеќер, 50 г темно чоколадо за готвење, 200 г мелени бисквити.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ВТОРИОТ КРЕМ: 500 мл млеко, 1 пудинг од ванила, 3 лажици шеќер, 50 г бело чоколадо, 150 г кокос. И УШТЕ: 210 г манчмалоу колачи, 250 мл слатка павлака, какао за наросување.




ПОСТАПКА: Најпрво подгответе го чоколадниот пудинг на класичен начин бидејќи тој е основата на целиот колач. Во едно тенџере ставете 500 мл млеко и во него истресете ја кесичката со чоколадниот пудинг. Додајте 3 лажици шеќер и промешајте со жица или маталка.




Ставете го тенџерето на рингла и со постојано мешање гответе на тивко додека да се згусне смесата. Потоа тргнете од оган и додајте го чоколадото, скршено на коцки и мешајте да се растопи во врелиот пудинг. Потоа додајте ги мелените бисквити/плазма и соединете.




Во калап со флексибилен обрач (24 см) излејте го чоколадниот крем и рамномерно измазнете одозгора со шпатула. Потоа на истиот начин направете го и белиот крем, така што на крајот наместо да додавате бисквити, ставете кокос.




И белиот крем се излева врз смесата, па подеднакво се измазнува. Покријте со проѕирна фолија и ставете го калапот во замрзнувач да се стегне околу 30 минути. По изминатото време, врз белиот крем наредете цели манчмалоу колачиња, доволно ќе ви биде едно 200 грамско пакување.




На крајот направете го шлагот: во еден посебен сад измиксајте ја слатката павлака пенасто и рамномерно распоредете ја врз манчмалоу колачињата и просторот помеѓу нив.




Добро измазнете на површината и наросете какао како завршен потег. Ставете го колачот во фрижидер да се стегне 3 часа, а потоа конечно одолејте му на вкусот.