Home пита Не ви треба искуство: Најлесен рецепт за рачно тегнети кори

Не ви треба искуство: Најлесен рецепт за рачно тегнети кори

Бурек-кифли, крцкави однадвор, меки и слоевити однатре – без комплицирани техники

Ако мислевте дека рачно тегнетите кори е комплициран метод и бара долгогодишно искуство – овој рецепт целосно ќе ве разубеди.

Со едноставни состојки, јасна постапка и неколку проверени трикови, добивате совршено крцкави, слоевити и ароматични бурек-кифли, а успева и кај почетници.

Овој начин на подготовка е сè попопуларен затоа што не бара тенки кори однапред, не се кине лесно и секогаш дава сигурен резултат – токму она што го бара модерната домашна кујна, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Стар трик од домашната кујна: Бурек што се прави побрзо отколку што се пече

🧾 ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

👉 За фил (може и сирење или фил по избор)
• 3 средни компири
• 2 главици кромид
• 4 лажици масло
• сол по вкус
• црн пипер по вкус
• мелен црвен пипер или лута пиперка (по желба)

👉 За премачкување
• 100 г путер
• 1 лажичка масло
• НМД

👉 За тесто
• 2 чаши вода
• 1 лажичка сув квасец
• 1 лажица масло
• околу 5½ чаши брашно
• 1 лажичка сол

Најлесен рецепт за рачно тегнети кори, бурек кифли – крцкави, слоевити и сигурен дури и за почетници. Совршен домашен бурек чекор по чекор.

👩‍🍳 ПОСТАПКА

1️⃣ Подготовка на филот

Компирите излупете ги, исечкајте ги на коцки и сварете ги во тенџере со вода додека да омекнат. Исцедете ги и префрлете ги во поголем сад.

Кромидот ситно исечкајте го и пропржете го со маслото додека да застакли. Додајте сол, црн пипер и мелен црвен пипер, па прелијте го врз компирите.

Испасирајте сè заедно додека да добиете хомоген фил. Оставете целосно да се излади.

2️⃣ Подготовка на путерот

Путерот растопете го и измешајте го со маслото. Оставете го настрана да се излади – мора да биде ладен, не топол.

3️⃣ Подготовка на тестото

Во длабок сад сипете ја водата, додајте го квасецот и измешајте. Додајте масло, па постепено додајте брашно и сол.
Замесете средно цврсто тесто што не се лепи за раце. Месете 5–6 минути.

Тестото поделете го на околу 17–18 еднакви топчиња.

4️⃣ Развлекување и одмарање

Секое топче малку развлечете го во елипсовидна форма. Редете ги едно врз друго во тава, премачкувајќи секој слој со растопениот и оладен путер.

Покријте и оставете да одмори 15–20 минути.

5️⃣ Тегнење и полнење

По одмарањето, секоја кора лесно се тегне. Префрлете ја на половина преку дршката од дрвена лажица и полека тегнете, а со дланката притискајте да се отвори повеќе. По потреба долевајте маснотија.

На крајот (на страната од дршката) ставете 1 лажица фил и виткајте во ролна (сосе дрвената лажица). На крај само извлете ја дршката и ќе добиете повеќеслојна кифла.

6️⃣ Печење

Наредете ги бурек-кифлите во плех со хартија за печење. Покријте и оставете уште 15–20 минути да одморат.

Премачкајте со преостанатиот путер и печете во загреана рерна на 180°C околу 40–45 минути, додека да добијат златно-кафеава боја.

🥧 РЕЗУЛТАТ

Крцкави, тенки слоеви однадвор, а одвнатре меки и богат фил – бурекчиња што изгледаат и имаат вкус како од пекарница, но подготвени дома, без стрес и без скапи состојки. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: