Home Посно јадење Не верував дека печурките можат да бидат толку многу вкусни…Повкусни од месо!...

Не верував дека печурките можат да бидат толку многу вкусни…Повкусни од месо! (Посно)

Не верував дека печурките можат да бидат толку многу вкусни…Повкусни од месо! Подготвени на овој начин, во комбинација со зеленчук претставуваат одлична и многу поздрава замена за месото…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За гарнир:
150 г ориз
450 мл вода
1 лажичка сол

400 г печурки
малку масло
1 главица кромид
2 (црвена и жолта) пиперки
1/2 чили пиперка по желба
1 чешне лук

За сос:
1 лажичка шеќер
2 лажици соја сос
1 лажица оцет (оризов, јаболков)
1 лажица кечап

И уште:
1 китка магдонос
сол, црн пипер

ПОСТАПКА:

1.Оризот измијте го и варете го во зовриена вода со сол, 12 минути или колку што е потребно, под капак, на умерена температура.

2.Печурките исечкајте ги и испржете ги на малку масло додека да добијат златна боја.

3.Додајте го ситно сечканиот кромид и промешајте.

4.Потоа додајте ги пиперките исечкани на коцки и продолжете со динстање. Зачинете со сол и црн пипер и додајте ситно сечкано лукче.

5.Додајте го приготвениот сос (сиите состојки измешајте ги).

6.Продолжете со динстање и кога зеленчукот ќе омекне, на крај додајте го ситно сечканиот магдонос.

7.Промешајте и динстајте уште кратко време, па послужете со гарнир од варен ориз. Постапката погледнете ја ОВДЕ.