НЕ ВЕРУВАВ, АМА ПРОБАВ…Навистина сѐ е точно и сите трикови се успешни…Ова ќе ве направи вистински мајстор во кујната…

1.БЕЗ СОЛЗИ ОД КРОМИД. Излупете го кромидот, пресечете го на половина и ставете го во замрзнувач 10 минути. Веднаш исечкајте го и ќе забележите дека нема ниту мирис, ниту солзи…

2.ХАРТИЕНИ КОРПИЧКИ ЗА МАФИНИ. Исечете квадрати од хартија за печење. Превиткајте ги на половина, па повторно на половина за да добиете квадрат од 4 листа. Направете засек до половина…и поставете го во калапот.

3.ПИЛЕШКО БЕЛО МЕСО. Дали сте знаеле дека многу лесно можат да се извлечат жилите од белото месо? Забодете ја виљушката и повлечете…

4.ЈАГОДИ. Лесно и брзо ќе ги исчистите петелките од јагодите со помош на пластична цевка за сок. прободете ја од спротивната страна и потурнете…

5.ОСТРЕЊЕ НОЖЕ ЗА ЛУПЕЊЕ. Неколку пати поминете со ножот помеѓу двата ножа на лупачот за компири и тие ќе се наострат…

6.КНЕДЛИ ЗА СУПА. Изматете 1 јајце, додајте 4 супени лажици гриз, промешајте и додајте на врв лажица прашок за печиво и 1 лажица масло. Добро соединете. Со овој рецепт не можете да погрешите.

Оставете да отстои 5-10 минути. Црпете по малку од смесата и спуштајте во супа што врие и гответе неколку минути додека да нараснат.

7.МАКАРОНИ. Најлесно ќе ги исцедите од водата ако поставите цедалка со големина на отворот на тенџерето…

Сите трикови можете да ги погледнете ОВДЕ.