Во летниот и пролетниот период многу е важно дворот да изгледа среден, а грижата и обврските никогаш не престануваат во градината. Секако, секој тревник не успева да израсне мек и зелен како што најчесто го прикажуваат на сликите, но ние ви пренесуваме неколку едноставни трикови за секогаш дворот да ви изгледа средено, а покрај тоа да не бара многу грижа.




Ако го косите тревникот премногу кратко, може да се појават кафеави дамки на тревата или дури и да остане само земја на некои места. Ако тревникот е премногу ниско искосен, може сериозно да ги исцрпи резервите на енергија во тревата, да ја ослабне, па дури и да го уни-шти самиот тревник, и сигурно ќе ја зголеми неговата чувствителност кон плевелите. Идеалната висина на сечење во лето варира од 5 – 6 цм.




Косењето го отстранува делот од површината на листот што е одговорен за производство на храна преку фотосинтеза. Затоа, како општо правило, треба да се донесе дека за време на косење не се отстранува повеќе од една третина од должината на листот.




Отстранувањето премногу од надземниот дел од тревникот влијае на растот на коренот, тревата се потпира на зачуваната енергија во коренот и “кр-вните садови” на растенијата. Премногу исечениот тревник го остава ткивото на тревата изложено и така се појавуваат кафени и жолти дамки на тревникот.




Времето од годината влијае на брзината на обновување на тревникот од кратко сечење. Во пролет и есен, кога растот на тревникот е забрзан, тревата може да издржи мала висина на сечење. Затоа, во жешките летни месеци, ниското косење треба да се избегнува токму поради бавниот раст на тревата.




За побрзо закрепнување на тревата од ниско косење, треба да се наводнува повремено и длабоко. Третирајте ги жолтите и кафените дамки во тревникот со препарати што производителите ги препорачуваат за конкретниот тревник. Онаму каде што тревата повеќе не расте, треба да се примени сеење. Сепак, треба да се внимава дека премногу наводнување може да ја направи тревата преосетлива на болести.




Додека тревникот е слаб, треба да се избегнува секакво ѓубрење, особено примена на азотни ѓубрива, кои се клучни за раст на тревата. Ѓубривата можат да ја изго рат чувствителна трева.




Косењето повисоко го спречува губењето на тревникот и неговиот слаб изглед. Затоа тревникот треба да се коси доволно ниско за да изгледа убаво, а доволно високо за да не се уни-шти.




Утринско наводнување

Помеѓу 4 и 10 часот наутро е најдобро време да се наводни градината бидејќи воздухот е постуден и обично тогаш нема силен ветер. Како што се приближува пладне, водата испарува премногу брзо, додека навечер, водата може да остане на тревата што дополнително може да предизвика мноштво болести.




Најголемиот проблем може да биде развојот на габи, кои се совршено прилагодени за влажен терен во текот на ноќта. Покрај тоа што премногу кратко ја косите тревата, наводнувањето навечер е најлошото нешто што можете да го направите на вашиот тревник.




Користете пулсирачки прскалки наместо осцилирачки

Најпаметна одлука што може да ја направите за вашиот тревник е да вградите прскалка бидејќи тоа е најдобриот систем за наводнување на тревата. Ова е најефикасниот систем за наводнување, а се исплати долгорочно. Ако планирате да живеете на таа локација неколку години, овој тип прскалки е добра и вредна инвестиција.

За сопствениците на куќи кои немаат систем за наводнување и не сакаат да инвестираат, пулсирачките прскалки прикачени на градинарско црево е најдобриот избор за наводнување на тревниците. Распрскувачот исфрла вода хоризонтално и со голема брзина, така што капките не можат да се распрснат настрана.

Наводнувајте го тревникот НЕ повеќе од двапати неделно

Ако почвата ви е претежно глинеста наводнувајте ја еднаш неделно. Во случај да е песочна, наводнувајте на секои три дена. Најголемата грешка е што многу луѓе, од голема желба да имаат прекрасен тревник, го полеваат со прекумерни количини на вода.

Прекумерното наводнување може да доведе до формирање и развој на габи и плиток, слаб корен систем. Наместо тоа, наводнувајте го тревникот со мали количини вода, што ќе го поттикне коренот да расте подлабоко. Најдобар совет: Добро наводнете го тревникот така што водата ќе достигне што е можно подлабоко во земјата.