Во новото модерно време, речиси никаде веќе не се собуваат чевлите кога се оди на гости. Експертите советуваат дека ова е многу штетно, бидејќи на тој начин нечистотијата ја внесуваме во домот.
Сигурно, секој во својот дом не се шета со чевлите со кои шетал надвор, туку ги собува пред прагот или во ходникот на претсобјето.
Како и да е, постојат многу домаќинства во кои сепак се почитува стариот обичај за собување на чевлите, а за да не одат боси низ собите, домаќините на своите гости им нудат папучи или топлинки. Но, еве што вели една исцелителка:
Своите домашни папучи не ги давајте никому. Секогаш имајте посебни папучи за гостите.
Не ги собувајте од нозе за да ги дадете на друг! Тоа носи несреќа за вас.
Се повикува негативна енергија. За гостите секогаш имајте спремни други, посебни папучи.
Исто така, запамтете, кога ги собувате папучите од нозе, уредно наместете ги, една покрај друга.
Никако не ги оставајте раздвоени или расфрлани, така што некој би можел да помине меѓу нив – советува исцелителката К.Р.