Постојат брадавици кои настануваат како последица на некои вирусни инфекции, па со самото тоа, тие се отстрануваат така што ќе се отстрани причината за нивното појавување.
Втор вид на брадавици се фиброните и тие се отстрануваат на разни начини бидејќи претставуваат естетски проблем. Ако веќе сте одлучиле да ја отстаните брадавицата од телото, а не сакате да одите на лекар, најдобро е прво да ја пробате билката Росопас.
Кај народот е позната уште и под името „Змиско млеко“. Скинете парче од билката, лист или гранче, па почекајте од тоа место да потече златно млеко. Ова млеко со жолтопортокалова боја истријте го на брадавицата. Во повеќето случаи само една примена е доволна за да исчезне брадавицата.
За отстранување на брадавиците, еден сосед користеше, верувале или не – полжав. Тој слушнал дека треба да се пронајде полжав, па со неговата слуз да се премачка брадавицата.
Така направил, иако не верувал дека навистина ќе помогне. Два-три дена ја повторувал постапката и брадавицата отпаднала. Пробајте го овој метод за отстранување бидејќи е апсолутно сигурен и не може да ви наштети.