„Кога ми е потребно да приготвам нешто брзо, а сепак да биде вкусно и заситно, секогаш посегнувам по овој рецепт, бидејќи јадењето приготвено на овој начин е одлично и сите ги воодушевува“, вели Галина од Германија.




Таа смрзнатото бело месо не го одмрзнува, туку го ренда и го меша со уште неколку состојки и добива смеса слична на тесто, а потоа ја пече и од тоа добива многу вкусно јадење кое лесно се сече на парчиња и може да се послужи за секакви пригоди. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800 г бело пилешко месо (2 парчиња), 1 глабица кромид, 2 чешниња лук или повеќе (по вкус), 4 супени лажици пченичен гриз, 2 јајца, 2 супени лажици кечап или доматен сос, сол, црн пипер и малку босилек.

ПРИЛОГ САЛАТА: 1 китка рукола, 1 краставица, 5 шери домати, 1 пиперка блага или лута по вкус, малку свеж магдонос, сок од половина лимон, 3 супени лажици маслиново масло, 1 лажичка мед, 1 лажичка сенф




ПОСТАПКА: Смрзнатото месо изрендајте го на ренде или на апарат за рендање. Кромидот исечкајте го многу ситни коцкички (или изрендајте го), па додајте две чешниња лук истиснати низ преса или исто така, ситно исечкани.




Потоа по ред додајте ги сите наведени состојки: 4 супени лажици пченичен гриз, 2 јајца, 2 супени лажици кечап или доматен сос, околу една лажичка сол, половина лажичка црн пипер и малку босилек.

Добро измешајте ја смесата додека да се изедначи и сите состојки да се соединат. Кога ќе добиете комапкатно „тесто“ покријте го садот со проѕирна-стреч фолија или кеса и оставете го во фрижидер да одмори 20-30 минути.




За тоа време месото ќе се растопи, а гризот ќе ги впие соковите и ќе набубри. Потоа земете еден помал калап кој обично го користете за печење леб или ролати (долг, тесен а длабок) и намастете го на дното и ѕидовите (или употребете каков калап имате, а ако е леплив обложете го со хартија за печење).




Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 190 степени околу 35-40 минути. За тоа време пригответе ја салатата: измијте ги состојките и исечкјате ги, па прелијте ги со сос од масло, мед и сенф, па зачинете со лимонов сок и сол по вкус.




Пред крајот од печењето целото парче одозгора премачкјате го со една лажица кечап/доматен сос и вратете го во топлата рерна да се допече уште 5-7 минути на 220 степени.

Оставете да се подизлади, па сечете го на парчиња и послужете го со свежо приготвената салата. Постапката погледнете ја во видеото ОВДЕ.