Сите видови на семки се преполни со витамини Б, како тиамин, ниацин и минерали како што се магнезиум, калиум, манган, железо, цинк, фосфор и бакар. За максимално искористување на лековитите својства на семките од лубеница, потребно е да се сварат, сомелат или испечат.

МАГИЧЕН РЕЦЕПТ

Прво треба да се земат 20-30 семки од лубеница, да се сомелат и да се варат 15 минути во 2 литри вода. Оваа количина ќе биде доволна за два дена, а третиот ден се прави пауза.

Значи се пие по еден литар напиток, два дена по ред, третиот се прави пауза, па се повторува во времетраење од неколку седмици. Паузирањето третиот ден е задолжително.

Здравствени придобивки:

-го штити срцето
-го успорува стареењето
-ги чисти акните
-помага кај дијабетес
-ја хидрира кожата
-ја штити кожата од рак

ПРОВЕРЕН РЕЦЕПТ ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ЕШЕРИХИЈА КОЛИ

Ова е проверен рецепт, од искуство го кажувам. Ми помогна да се отарасиме од оваа досадна бактерија во уринарниот тракт. Мојата Наташа ја имаше од раѓање, никакви лекови не и помогнаа, а овој рецепт го дознавме од една баба на наша пријателка.

Потребни состојки:

30 семки од лубеница
1 литар вода

Постапка:

Во еден лонец со вода ставете ги семките и ставете на оган. Кога ќе зоврие, оставете да се вари уште 10 минути. Течноста процедете ја и складирајте ја во стаклено шише. Чувајте во фрижидер.

Оваа течност пијте ја како вода или со неа растворајте си домашни сокови или цедевита. Моето девојче пиеше по 2-2,5 литри тешност преку сокови.

Инаку самата течност нема некој посебен вкус, па можете да ја пиете така или да си цедите лимон во неа. Единствено малку е матна.

Наташа на оваа течност беше 6 месеци, а денес околу 2 години после тоа, се’ уште има стерилен наод на микробиолошките наоди од урината. Сега сме сигурни дека оваа досадна бактерија целосно ја победивме!