Не е сарма, но уште подобро е, кисела зелка со мелено месо и суви ребра…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 главица кисела зелка
350 г мелено месо
1 голема главица кромид
4 чешниња лук
сув зачин
мелен пипер
црвен пипер во прав
масло или маст
300 г суви ребра
ПОСТАПКА:
Испржете ситно сечкан кромид со мелено месо и зачинете по вкус. Една главица кисела зелка пресечете ја на шестини (на крупни парчиња). Половина распоредете на дното од експрес лонец. Посипете малку црвен пипер и неколку ловорови листови.
Распоредете го испрженото мелено месо, па остатокот од зелката, а врз неа маслото и остатокот од прженото мелено месо. Распоредете внатре димени суви ребра и подбутнете ги внатре.
Сипете вода колку да се прекрие, околу 1 чаша и гответе 1 час, прво на најсилно 9, па кога ќе зоврие намалете на 3. Ако готвите во обично тенџере или во рерна, времетраењето е подолго.
Деталите од постапката можете да ги погледнете ОВДЕ: