Ова е чудотворна билка која содржи позитивни компоненти кои се неопходни за здрав живот. Оваа билка е позната под различни имиња: огрозд, бела рибизла, Цариградско грозје…

Тоа е многу здрава билка и треба почесто да се консумира. Најмногу содржи витамин А, витамин Ц, манган, калиум, пантотенска киселина, тиамин, пиридоксин, бакар, калциум, фосфор и магнезиум. Нема многу калории па можете да ја јадете повеќе без грижа на совест, а особено жените.

Во 100 г бобинки се содржат само 44 калории и 25% од дневната препорачана доза диетални влакна, што е идеална храна за слабеење. Во 16 век го користеле за лекување на грип и колера бидејќи има брзо лековито дејство и големо количество на витамин Ц.

Содржи исто така и доста калиум, минерал кој овозможува правилна работа на срцето, штити од висок крвен притисок и помага за нормална функција на нервниот и мускулен систем. Овие бобинки содржат биофлавоноиди и имаат силни антиоксидативни својства.

Штитат од рак и предвремено стареење, помагаат при разни воспаленија и болести на нервите. Благодарение на неговите лековити својства може да се користи како тоник за проблематична кожа со акни и темни дамки.

Ако имате проблем со тенка и безживотна коса, огроздот може да ви помогне. Натопете суви бобинки во вода, па добиената течност можете да ја користите за перење на косата.

Ова средство на косата и дава волумен и помага при разни болести со скалпот. Се верува дека огроздот спречува губиток на коса, па за таа цел можете да направите паста од варени бобинки која ќе ја нанесувате на скалпот неколку пати седмично.

Консумирањето на огроздот со мед може да го подобри видот и да помогне кај катаракта. За ова е заслужен витаминот А кој е доста застапен кај овие бобинки. Дневното консумирање на огрозд штити од стрес, ефикасно го чисти организмот, совршено го јакне и го подига имунитетот.

Коренот на огроздот исто така се користел уште одамна како лековито средство. Го засилува излачувањето на урината и се користи кај сите водени болести. Добар е за лекување катар на желудник и црева, како и при висока температура.

ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА НА ОГРОЗДОТ

Го јакне имунитетот; ја подобрува работата на желудникот, бубрезите и црниот дроб; елиминира песок во мочен меур; го подобрува памтењето и концентрацијата; помага кај проблематична кожа; спречува опаѓање на коса; елиминира тешки метали од организмот;

Потоа, подмладува и дава виталност; го подобрува видот; штити од карцином; природен антиоксиданс; го штити срцето и кр-вните садови. Не се консумираат само недозреаните плодови бидејќи може да предизвикаат желудочни проблеми.

БИСТАР СОК ОД ОГРОЗД

1 кг зрели плодови се мијат добро па потоа се цедат во блендер. Добиениот сок излејте го во темни шишиња и добро затворете ги. Ако сакате сокот подолго да ви трае, додајте 1-2 каранфилчиња и сок од еден лимон. По желба можете да додадете мед. Пијте по 100-300 мл сок на ден.

Цариградското грозде познато кај нас како ОГРОЗД е природен детоксикатор. Плодот на оваа бобинка е јајцевиден, сочен, малку влакнест и може да биде жолт, зелен или црвен.

Повеќегодишното трнливо растение, кое расте во форма на грмушка, се карактеризира со кружни резбани листови и трнливи гранки. Жолтозелените и малубројни цвеќенца формираат висечки соцветија. Плодот е јајцевиден, сочен, влакнест и може да биде жолт, зелен или црвен.

Неговиот вкус е слаткасто кисел. За лековити цели од ова растение се користи листот, коренот и плодот. Листовите се берат напролет и се сушат на топло место, додека коренот се вади исто така, напролет или наесен, кој потоа се сечка ситно и се суши. Овошјето се користи за јадење или подготовка на сок.

Коренот е познат како средство за зголемување на излачувањето на урината и исфрлање на вишокот течности од организмот. Листовите се ефикасни за лекување и исфрлање на песок од мочниот меур, за лекување на рани на кожата и како чај за дизентерија.

Сокот се користи за јакнење на организмот при изнемоштеност или прележана болест, против заразни болести, како и во лекувањето на ревматизам и гихт. Овошјето се користи за отстранување на тешките метали од телото, особено од мозокот, и го стимулира растот на косата и создавањето на здрава кожа.

ЧАЈ од листови и корен

Прелијте една лажица сечкани листови или корен од огрозд со 200 милилитри врела вода, поклопете и оставете да отстои 15 минути ако го приготвувате чајот од сув лист или половина час за подготовка со корен. Процедете го чајот и пијте две до три чаши чај на ден.

Бистар сок од плодовите

Измијте еден килограм зрели плодови од огрозд и измиксајте ги со блендер, а потоа поминете ги низ сито или ленено платно, па исцедете го сокот. Ако имате соковник, ова можете да го направите со соковник. Добиениот сок складирајте го во темно шише и добро затворете го.

Ако сакате да му го продолжите рокот на траење, во сокот додајте едно до две каранфилчиња и сок од еден лимон. По желба додајте и мед. Пијте до 300 милилитри на ден.

ОГРОЗД ЗА ДЕТОКСИФИКАЦИЈА

Земете 25 грама лист од капина, 25 грама лист од јагода, 25 грама лист од огрозд и 25 грама лист од малина. Прелијте една лажица од оваа смеса со 250 милилитри вода и варете пет минути. Тргнете го чајот од оган, поклопете го и оставете малку да излади.

Процедете го топлиот пијалок и правете гргарење неколкупати на ден за дезинфекција на усната шуплина. Повеќе за оваа билка можете да слушнете во видеото ОВДЕ.