Највкусната вечера за 10 минути…Ова е рецептот на баба ми, многу едноставно и вкусно јадење…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г тестенини (Стелини паста)
100 г рендан кашкавал / моцарела

За бел сос:
50 г путер
15 г брашно
500 мл млеко

За фил:
1 главица кромид
3 чешниња лук
700 г мелено месо
200 г доматен сос
сол, црн пипер, мускатно оревче, зачини по вкус

ПОСТАПКА:

1.Сварете ги тестенините „ал денте“ според упатството на кесичката. На тава растопете го путерот на ниска температура и запржете го брашното додека малку да пожолти.

Постепено сипете го млекото и мешајте додека да згусне. Зачинете со сол и црн пипер.

2.Сосот сипете го во процедените тестенини и промешајте. Додајте го ренданиот кашкавал и повторно промешајте додека сето да се изедначи.

3.Во тава запржете го ситно сечканиот кромид и ренданото лукче, па додајте го меленото месо и динстајте додека да ја промени бојата и да исоари вишокот течност. Зачинете, додајте го доматниот сос и промешајте.

4.Во намастен огноотпорен сад редете: половина тестенини, половина фил со мелено месо, половина тестенини и завршете со фил. Одозгора посипете рендан кашкавал.

5.Ставете да се пече бо загреана рерна на 180 степени, 30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.