Најубавиот колач со вишни…Стар рецепт, преубав вкус и мирис! Без вага…
Едноставен колач кој се подготвува брзо. Има прекрасен вкус и мирис…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
3 јајца
1 чаша шеќер (200 г)
1/2 чаша масло
1 чаша јогурт (180 мл – не полнете ја до врвот)
2 чаши брашно (260 г)
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
300 г вишни
1 рамна лажица гриз
малку шеќер во прав за посипување
ПОСТАПКА:
Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека да згуснат, па додека непрекинато матите додајте масло и јогурт. На крај додајте го брашното, прашокот за печиво и ванилата. Соединете со миксер.
Смесата сипете ја во намастен и набрашнет плех 35х20 см или тепсија бр.30. Вишните помешајте ги со гризот и распоредете ги врз смесата. Печете 25-30 минути во загреана рерна на 180 степени.
Кога колачот ќе се олади посипете го шеќер во прав. Постапката погледнете ја во видеото ОВДЕ: