Оригинален рецепт за сараевски ќебапи
Сараевските ќебапи се симбол на босанската гастрономија, познати по својата сочност, уникатен вкус и арома што потсетува на традицијата на Бајшчаршија.
Овој рецепт, добиен од искусен мајстор од Рајвоса, открива како да се подготват автентични сараевски ќебапи, следејќи ги традиционалните методи без непотребни додатоци.
Со внимателно одбрани состојки и прецизна постапка, ќе добиете ќебапи со карактеристична текстура и вкус, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
1,5 кг јунешко месо (врат или плешка)
0,5 кг јагнешко/овчо месо (врат или плешка)
4 чешниња лук
2 кафени лажички сода бикарбона
20-22 г сол (1,8-2% од вкупната тежина на месото)
100 мл вода
овчки или говедски лој (за подмачкување на решетката)
4 лепињи
јунешка супа (за натопување на лепињите)
НМД
Постапка
1. Исечете го јунешкото и јагнешкото месо на коцки со големина 2х2 см. Посолете го месото со 1,8-2% сол од вкупната тежина на месото и добро измешајте.
2. Во мал сад, згмечете или ситно исечкјате 3-4 чешниња лук и кратко варете ги во 100 мл врела вода. Оставете ја смесата да се излади, па прелијте ја преку месото и измешајте.
3. Покријте го месото и оставете го да отстои во фрижидер преку ноќ за да се развие вкусот и да започне процесот на ферментација.
4. Следниот ден, сомелете го месото двапати низ мелница за месо со сито од 6 мм. Добро измешајте ја смесата рачно или со машина за месење тесто, ако е достапна.
5. Покријте ја смесата и оставете ја на собна температура 4-5 часа за да се развие ферментација, ни никако на топло (ако температурите се високи, оставете во фрижидер).
Потоа, вратете ја во фрижидер. Смесата може да се чува во фрижидер до 2 дена.
6. Пред обликување на ќебапите, додајте 2 кафени лажички сода бикарбона во смесата за да станат ќебапите помеки и повоздушести. Добро промешајте.
7. Обликувајте ги ќебапите со помош на лимена цевка за да бидат компактни и рамномерни.
8. Печете ги ќебапите на силен оган, по можност на скара со дрвен јаглен. За време на печењето, редовно подмачкувајте ја решетката со овчки или говедски лој (или со масло).
Внимавајте да не ги препечете – средината на ќебапите треба да остане благо розова за да бидат сочни.
9. Пресечете ги лепињите на половина, лесно натопете ги во јунешка супа и загрејте ги на скарата над ќебапите за да ја впијат аромата.
10. За побрза подготовка, лукот може да се пасира со рачна пасирка и да се прескокне чекор 3, но за најдобар резултат се препорачува да се следи целата постапка од чекор 1 до 9.
Сервирајте ги ќебапите топли во лепиња, по желба со ситно сечкан кромид или други традиционални додатоци. Уживајте во автентичниот вкус на Сараево! Рецепт на Фран.




































