Најдобар рецепт за крцкави пита стапчиња…Од готови кори, едноставно и брзо…

Задолжително пробајте го рецептот и отсега само на овој начин ќе подготвувате пита. Питата е крцкава и вкусна, а се подготвува лесно и брзо. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г готови кори за пита
3 јајца
100 мл масло
100 мл јогурт
350-450 г ситно сирење или урда
150 грама фета сирење или крем сирење
сол по потреба
1 лажичка прашок за печиво (1/2 кесичка)

За премачкување на корите помешајте:

200 мл обична или газирана вода
100 мл масло
1/2 кесичка прашок за печиво

За премачкување одозгора малку масло и по желба сусам или други семки.

ПОСТАПКА:

Изматете ги јајцата, додајте масло, јогурт и сирење, па посолете по вкус и додајте лажичка прашок за печиво. Отворете една кора и премачкјате ја со растворот, па преклопете ја по должина, на половина.

Нанесете фил на средината и свиткајте во ролат. Ролатите редете ги во плех и одогора премачкјате со масло и посипете сусам. Оставете да отстои додека рерната се загрева на 250 или 230 степени.

Печете ја 20-25 минути на 220 или 210 степени додека да зарумени. Деталите за подготовката погледнете ги во видеото ОВДЕ: