Д.А. објавила свои фотографии за сајтот popsugar.com со цел да ги едуцира сите девојки кои се грижат за твоето тело.
Таа однапред се извинува за нередот во својата соба кој се забележува од фотографиите, со напомена дека овие фотографии првично биле наменети само за нејзината мајка и воопшто не размислувала да ги објави јавно.
„Многу работи се променија откако се преселив во Сан Франциско. Прво, ми беше многу постудено, па ја купив мојата прва вистинска јакна.
Почнав со ново работно место. И, од никаде, цревата одеднаш ми се пореметија, па стомакот започна да ми расте ко да сум во шестти месец бременост.
Работи кои не се променија: мојата исхрана, моето вежбање како и целокупното здравје. Не јадев повеќе или помалку здрава храна, не ги зголемив килограмите…
Кога ќе станев наутро, мојот подуен стомак мистериозно исчезнуваше, но некаде во текот на денот тој започнуваше да расте.
Многу се исплашив и започнав да и испраќам фотографии на мајка ми. Не можев да сфатам што се случува со мене и без престрашена.
За 11 месеци јас веќе не се чувствував удобно во моето тело. Не можев да ја носам мојата вообичаена облека, бидејќи во одреден момент, мојот стомак се дуеше ко балон.
Дури започнав да се плашам од јадењето, бидејќи знаев дека нешто ја предизвикуваа оваа моја состојба, па започнав да воведувам рестрикции. Дури и млекото го исфрлив, но ништо не се случи.
Никогаш порано не сум се срамела од сопственото тело и изглед. Се чувствував непријатно во сопствената кожа…па дури и се срамев да го признаат тоа! Моето тело едноставно не беше повеќе мое.
Посетив многу доктори и лаборатории и првите тестови што ги направив беа за да се утврди дали постои некакво хормонално пореметување.
Но немаше таков наод. Направив и ултразвук. Се обидов и со диета со низок процент на диетални влакна.
Правев тестови и на тироидната жлезда. Моите доктори беа збунети а јас бев фрустрирана до солзи.
Потоа моите пријатели ме упатија на акупунктура. Докторот Магнолиа Нг ме упати на гастроентеролог, кај докторот Даниел Конлин кој најпрво ми направи разни тестирања кои претходно веќе ги имав направено, но уште пред тоа тој го знаеше изворот на мојот проблем: СТРЕС!
Откако тестирањата покажаа дека сум во одлична здравствена состојба, се сконцентриравме на првичната дијагноза. Стресот е оној фактор кој ме довел до оваа состојба: можеби без да забележам, но новиот град, новото работно време, новата клима, новите колеги и пријатели… сето тоа стресно влијаело врз мене.
Она што најмногу го ценам кај д-р Колин е неговиот пристап кон третманот. Бидејќи целијакија и нетолеранција на лактоза беа исклучени, тој ми препорача акупунктура, активен јаглен во таблети, чај од ѓумбир и пробиотици. А пред се’ ми кажа дека морам да го намалам стресот.
Ми беше тешко да му објаснам на семејството и пријателите дека стресот е причина за подување на стомакот.
Очигледно, стресот може да ја вознемири микрофлората во цревата, со што доаѓа до зголемување на некорисните бактерии, а тоа е поврзано со многу здравствени проблеми како: срцеви заболувања, фибромијалгија, егзема, астма, депресија, рак, автоимунолошки болест, алергии, дебелина, аутизам… а во мојот случај, необјаснива абдоминална дистензија.
Започнав со лекување кое се состоеше од комбинација на западна и Источна медицина.
Комбинацијата апсолутно позитивно делуваше врз мене: кинески билки, акупунктура, пробиотици, балансирана исхрана, доволно спиење и физичкиот тренинг кој остана по стариот распоред – помогнаа да се врати моето тело во својата природна форма. Конечно започнав повторно да се чувствувам удобно во своето тело.
Што научив од сето ова? Западната и Источната медицина не треба да се исклучуваат туку да се надополнуваат. И секогаш барајте второ или трето мислење, кога станува збор за медицинска дијагноза.
И секако, не се плашете и не се откажувајте, а најмногу од се’ не дозволувајте стресот да управува со вашиот живот. Решението е таму за вас.“
СОВЕТИ:
-Започнете да пишувате дневник и забележувајте каде и кога сте подуени во стомакот.
-Користете препарати за здравјето на цревата како што се пробиотиции.
-За да ги смирите своите црева пијте чај од нане.